Земјотрес со јачина од 2,1 степен по Рихтер утрово е регистриран во источниот дел од Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, епицентарот е кај Берово на длабочина од 10 километри.
Земјотресот е почувствуван и во соседна Бугарија.
Земјотрес со јачина од 2,1 степен по Рихтер утрово е регистриран во источниот дел од Македонија.
Според информациите на ЕМСЦ, епицентарот е кај Берово на длабочина од 10 километри.
Земјотресот е почувствуван и во соседна Бугарија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Едно лице загина, а тројца се повредени во најновиот руски напад врз Дњепропетровск. Украинската армија соопшти дека борбите се водат во осум правци. Москва истакнува дека зазеле уште едно место во регионот на Доњецк.
Во текот на вчерашниот ден, понеделник, имаше вкупно 32 пожари на отворен простор, од кои активни се 4, под контрола е еден, а изгаснати се 27, извести Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите на четири места.
Утре почнува судењето за убиствата на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски. Обвинителниот акт против Љупчо Палевски е прифатен во целост, соопштија од Кривичниот суд.
Членови или носители на земјоделски стопанства кои лани имаат засадени површини со сончоглед и го продале во регистриран капацитет за откуп, имаат право на субвенции од 5 денари за килограм.
Додека пред резиденцијата на израелскиот премиер протестираа илјадници гневни демонстранти поради неуспехот на премиерот да обезбеди договор за ослободување на заложниците, Нетанјаху побара прошка од семејствата на киднапираните што не можеле да ги вратат живи.
Денеска на собраниска седница е интерпелацијата на спикерот Африм Гаши. Пратениците од опозициската СДСМ ќе гласаат за отповикување на Гаши, а народните избраници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ се изјаснија дека нема да ја поддржат интерпелацијата.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во западните делови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки. УВ Индексот ќе изнесува 7.
САД го заплени авионот на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, откако утврдија дека санкциите од САД биле прекршени при купување на авионот. Авионот бил запленет во Доминиканската Република.
Претставници на американските власти денеска со авионот полетале за Флорида.