По успешните две сезони, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува третиот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. До мај следната година ќе бидат претставени осум македонски автори и исто толку дела.
Вести
-
Култура 02.09.2024 11:06
-
Свет 02.09.2024 10:58
Две лица загинаа во невремето што го погоди северот на Филипините
Две лица загинаа во невремето што ги зафати северните региони на Филипините.
-
Свет 02.09.2024 10:55
Косовската полиција пред српските институции на северот на Косово, не дозволува влез на вработените
Србите на северот од Косово се собраа пред зградите на институциите во кои се вработени, а кои и натаму се блокирани од косовската полиција. Велат дека не се работи за протести туку дека се дојдени на своите работни места, но полицијата сè уште не им дозволува да влезат во објектите.
-
Македонија 02.09.2024 10:20
Почна новата учебна година
Новата учебна година почна. За првпат околу 18 илјади дечиња седнаа во училишните клупи. Едносменска настава се воведува во 140 училишта. Загрижуваат бројките дека и годинава бројот на првачиња е намален за 3.500. Меѓу главните фактори се иселувањето и намалениот наталитет.
-
Македонија 02.09.2024 10:15
Предлог-законот за парничната постапка денеска пред Комисијата за политички систем
По неколкугодишна блокада, Предлог законот за парнична постапка повторно е во собраниска процедура, соопштија од Министерство за правда.
-
Македонија 02.09.2024 09:57
Од 10-ти ноември нови правила за влез во ЕУ за граѓаните на Македонија
Од 10-ти ноември за граѓаните на Македонија и други земји кои не се членки на Унијата, ќе стапат на сила нови правила за влез во Европската унија, .
-
Македонија 02.09.2024 09:18
Во вторник прва пленарна седница по одморите, на дневен ред интерпелацијата на Гаши
Пратениците се враќаат во собраниските клупи. Во вторник прва пленарна седница по летните одмори. На дневен ред интерпелацијата за спикерот Гаши, поднесена од „Левица“. Лидерот на СДСМ, Филипче, на координација со пратеничката група.
-
Свет 02.09.2024 09:15
Регионални парламентарни избори во Германија
Екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) првпат победува на регионалните парламентарни избори во источната покраина Тирингија, додека во соседна Саксонија партијата се бори со Христијанско-демократската унија (ЦДУ) за првото место – покажуваат првичните резултати.
-
Свет 02.09.2024 09:11
Киев нападнат со крстаречки и балистички ракети
На стартот на учебната година огласени сирени за тревога во Украина. Русија го нападна Киев со крстаречки и балистички проектили – соборени се 20, оштетен е влезот на метростаницата која служи како засолниште. Во околината на Киев оштетени згради и образовна институција.
-
Свет 02.09.2024 09:06
Масовни протести во Израел по сознанието за шестемина мртви заложници под Појасот Газа
Од изутринава генерален штрајк во Израел поради неуспехот на владата на Нетанјаху да обезбеди ослободување на заложниците кои се држат во Газа. Масовни протести по сознанието за шестемина мртви заложници се одржаа и синоќа во Тел Авив и Ерусалим.










