Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Вести
-
Македонија 02.09.2024 09:00
-
Македонија 02.09.2024 08:57
Редуциран градски превоз во Скопје
Во Скопје редуциран градски превоз. Дел од приватните превозници само со по еден автобус на една линија наутро. Бараат да им се исплати долгот од градските власти и зголемување на цената. Решение ќе се бара на средбата со раководството на ЈСП и секретарот на град Скопје.
-
Економија 02.09.2024 08:51
Се доставуваат картичките за „зелената нафта“
Земјоделците почнаа да ги добиваат картичките за зелената нафта преку подрачните единици на министерството.
Изработени се 44.000 картички со вредност од скоро 500 милиони денари. Субвенцијата е 100 проценти од трошоците за производството.
-
Македонија 02.09.2024 08:41
Почна новата учебна година со 245 илјади основци и средношколци
245 илјади основци и средношколци почнуваат со настава. Речиси 18 илјади првачиња ќе седнат во училишните клупи. Новата учебна година стартува со физичко присуство за сите, освен за ученици од неколку училишта каде што од претходно не биле обезбедени просторни услови.
-
Македонија 02.09.2024 08:05
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. UV=7.
-
Свет 01.09.2024 20:35
Хеликоптерот на Раиси се урнал поради лоши временски услови, нема докази за саботажа
Официјалната истрага за хеликоптерската несреќа во која загина иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште седум лица, откри дека причина за несреќата се неповолните климатски и атмосферски услови.
-
Македонија 01.09.2024 19:34
Приведен бегалец од затвор во Тетово
На 01.09.2024 во 15.00 часот на ул. „Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ј.(35) од тетовско Горно Палчиште.
-
Свет 01.09.2024 19:01
Хрватска ќе набавува ракетни фрлачи ХИМАРС од САД
Хрватска испрати формално барање до Пентагон за набавка на осум повеќецевни ракетни фрлачи М142 ХИМАРС, системи кои и станаа познати на пошироката јавност преку вестите за војната во Украина.
-
Македонија 01.09.2024 18:16
Скопјани се степале во чекалната на Градската болница
Полицијата извести дека вчера во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, по претходно недоразбирање во чекалната, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(41) и М.Б.(37), двајцата од Скопје.
-
Македонија 01.09.2024 17:06
Две жени вчера ограбени во Аеродром
Две жени вчера биле ограбени на подрачјето на скопската општина Аеродром.
Прво, околу 17 часот и 20 минути, 61-годишната Е.П. од Скопје пријавила дека еден час претходно на автобуска постојка во Аеродром, едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело личен накит.










