Стапуваат на сила меѓународната спогодба за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба и Конвенцијата на Советот на Европа за пристап до официјални документи, соопшти Министерството за правда.
Вести
-
Македонија 23.08.2024 09:45
-
Свет 23.08.2024 09:37
Шест жртви во пожар во семејна куќа во Нови Сад, меѓу нив четири деца
Шестчлено семејство загинаа во пожар во семејна куќа во Нови Сад. Меѓу нив се четири деца.
Според првичните информации, пожарот најверојатно избувнал од електричен велосипед кој бил на полнач. Полицијата врши истрага која треба да ги даде одговорите за точната причина за трагедијата.
-
Култура 23.08.2024 09:32
Драмски театар Скопје на театарски фестивал во Тиват
Со претставата „Мојот маж“, Драмски театар Скопје ќе учествува во натпреварувачката програма на „Фестивалот на медитеранскиот театар Пургаторије 2024“ во Тиват, Црна Гора. Претставата ќе се игра на Летната сцена во Тиват в недела на 25-ти август со почеток во 21 часот.
-
Свет 23.08.2024 09:28
Пожар во хотел во јужнокорејскиот град Бучеон
Најмалку седум жртви и12 повредени во пожар што избувна во хотел во јужнокорејскиот град Бучеон.
-
Свет 23.08.2024 09:22
Харис вети дека ќе исцрта нов пат за Американците
Камала Харис вети дека ќе исцрта нов пат за иднината на Американците додека официјално ја прифати демократската номинација за претседател на САД на последниот ден од Конвенцијата на партијата во Чикаго.
-
Свет 23.08.2024 08:41
Воздушни напади наспроти мировни преговори во Газа
Израел нападна бегалски кампови каде наводно се кријат борци на Хамас, во нападите има жртви. Продолжи и жестокото гранатирање преку израелско-либанската граница, додека се интензивиират рациите на Западниот Брег. Во истовреме, посредниците преговараат за примирје.
-
Македонија 23.08.2024 08:38
Сообраќајот на патот Маврово-Дебар комплетно затворен поради сообраќајка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Поради случена сообраќајна незгода на патниот правец Маврово-Дебар е комплетно затворен за сообраќај за сите видови на моторни возила.
-
Свет 23.08.2024 08:31
Русите притискаат во Покровск, Украинците во Курск
Руската војска притиска во насока Покровск-потврди Киев, соопштувајќи дека презеле контрола врз уште едно село во руската област Курск. Зеленски изјави дека операцијата е фер нагласувајќи дека ја испраќа војната таму од каде што ја донела Русија.
-
Економија 23.08.2024 08:20
Поддршка за органско производство
На 104 милиони денари како поддршка годинава имаат право органските производители на храна.
Најголемиот дел се наменети за органското сточарство и за заостанати обврски од претходните програми поради специфичноста на производството.
-
Македонија 23.08.2024 08:13
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.









