Во напад со нож на градски фестивал во Солинген, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, убиени се три лица, а повредени осуммина. Напаѓачот е во бегство. Од полицијата засега немаат индикации каде се наоѓа.
Вести
-
Свет 24.08.2024 10:08
-
Свет 24.08.2024 10:06
Кенеди ја стопираше кампањата и го поддржа Трамп
Независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор ја прекине својата претседателска кампања и ќе го поддржи Доналд Трамп.
-
Свет 24.08.2024 10:00
Продолжуваат борбите во Појасот Газа
Борбите во централниот дел на Појасот Газа продолжија иако САД, Катар и Египет се обидуваат да постигнат договор за прекин на огнот. Во јужниот град Кан Јунис, четири лица загинаа во израелски напад врз нивното возило, изјави портпаролот на палестинската цивилна одбрана Махмуд Басал.
-
Македонија 24.08.2024 09:39
На ГП Табановце зголемена фреквенција на возила
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 24.08.2024 09:14
ОЈО Скопје поднесе жалба на пресудата за автобуската несреќа на „Дурмо турс“
Според јавниот обвинител, во овој случај, првостепениот суд донесе извонредно значајна пресуда битна за нашиот казнено-правен систем и покажа дека никој не може да ја дерогира и супституира судската улога во процесот на одлучувањето.
-
Македонија 24.08.2024 09:00
Сончево и многу топло време
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 8.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 21 степен, а максималната од 32 до 39 степени,
-
Македонија 24.08.2024 08:54
Мицкоски во посета на ЈП Државни патишта
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе го посети Јавното претпријатие за државни патишта.
Како што соопштија од владината прес-служба, предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата, Мицкоски.
-
Македонија 24.08.2024 08:49
Престрелка во тетовско, застрелан е осомничен во истрага за убиство
Престрелка во село Гајре, тетовско. Осомничен во истрага за убиство којшто бил баран со потерница отворил оган кон полицијата. При обидот полицијата да го уапси, тој пукал, а во престрелката бил ранет. Според првичните информации, застреланиот починал на пат кон болница.
-
Македонија 23.08.2024 20:47
ЦУК: Два активни пожари, шест изгаснати и еден под контрола
На територијата на државава во моментов има два активни пожари од вкупно девет регистрирани во текот на денов, откако шест биле изгаснати, а еден е ставен под контрола, информираа вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Свет 23.08.2024 19:49
Жестоки борби на истокот од Украина
Украинската војска денеска соопшти дека нејзините сили одбиле десетици нови напади на руските војници. Вкупно 79 руски напади, некои со артилериска и воздушна поддршка, беа пријавени од фронтовите во источна Украина, соопшти Генералштабот во Киев во својот дневен извештај за состојбата.










