Пожарот на Галичица сè уште активен. 13-ти ден надлежните се справуваат со огнената стихија. Екипите и денес мобилизирани, се дејствува и од копно и со воздухоплови.
Известува Соња Рилковска
Пожарот на Галичица сè уште активен. 13-ти ден надлежните се справуваат со огнената стихија. Екипите и денес мобилизирани, се дејствува и од копно и со воздухоплови.
Известува Соња Рилковска
Најмалку 16 луѓе се убиени, а 20-мина биле киднапирани во североисточно Конго. Одговорноста ја презеде милитантната група Сојузнички демократски сили која е поврзана со Исламска држава.
Трет ден беснее огнот во близина на дебарското село Гари на планината Стогово. Овој е еден од 13-те активни пожари низ Македонија, а гори мешана шума. Жителите во паника зошто пламените јазици се сè поблиску до селото. Велат, не гледаме дека нешто се прави оваа катастрофа да се спречи.
Кадрите на СДСМ и ДУИ во судството го пуштија косовецот Блерим Рамадани да избега, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Посочија дека судијата Пајазит Пајазити го пуштил Рамадани во домашен притвор, и одлучувал за условна казна на обвинителот Иџет Мемети за поткуп.
Претставата „Лет над кукавичкото гнездо“ е драмски текст на Дејл Васерман, работен според романот на Кен Кесеј, а ја игра позната актерска екипа на Драмскиот театар од Белград, во режија на Жарко Томиќ.
Најмалку девет лица во израелски напад во Јужен Либан. Меѓу загинатите има жена и дете. Уште петмина се ранети, од кои двајца се во критична состојба.
Украинските сили уништија стратешки важен мост на реката Сеим, додека напредуваат во рускиот регион Курск.
Русија го користеше мостот кај градот Глушково за снабдување на своите трупи и неговото уништување би можело да го попречи тоа.
Здружување на земјоделците, производство, профит, остварен пласман. Земјоделското задругарство во земјава со години никако да профункционира. Незадоволството е кај земјоделците, здруженијата, кај аналитичарите, експертите, па и кај мрежата на земјоделски задруги.
Увозот на работна сила не смее да престане и покрај тоа што за дел од странските работници во најголем дел од Непал и Бангладеш, Македонија е транзитна дестинација до европските земји.
Во текот на вчерашниот ден, имаше вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, осум се под контрола, а 27 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.