Во Курската област во Русија е прогласена вонредна состојба поради украинските напади на тој пограничен регион. Руските власти тврдат дека во нападите биле повредени најмалку 31 лице.
Вести
-
Свет 08.08.2024 08:59
-
Македонија 08.08.2024 08:55
ЦУК: Активни се 9 пожари, под контола се 6
Центарот за управување со кризи информира дека во моментов на територијата на Македонија активни се девет пожари, од кои шест се под контрола. Во изминатите 24 часа изгаснати се 25 пожари.
-
Свет 08.08.2024 08:52
Израел во состојба на готовност
Израел е во состојба на висока готовност и ќе може брзо да одговори на секој напад, изјави началникот на генералштабот на израелските одбранбени сили Херзи Халеви. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека циклусот на одмазда на Блискиот Исток мора да престане.
-
Македонија 08.08.2024 08:44
23 години од нападот кај Карпалак
Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 23 години од загинувањето на десетте армиски резервисти.
-
Македонија 08.08.2024 08:10
Сончево и топло
Денеска ќе биде сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
-
Економија 07.08.2024 21:51
Трипуновски: Го враќаме брендот „македонски ориз“ на својот препознатлив квалитет во регионот
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со земјоделците во општина Чешиново Облешево.
На самата средба министерот посочи дека оризот ќе биде под силна поткрепа и заштита.
-
Македонија 07.08.2024 21:21
Санкционирани возачи поради вршење превоз без лиценца, несоодветна документација
Денеска од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции на наплатна станица Глумово, запрено е товарно моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост и управувано од Ќ.Р. од Гостивар.
-
Свет 07.08.2024 21:01
Путин одржа седница со руските началници за безбедност поради состојбата во регионот во Курск
Рускиот претседател Владимир Путин одржа седница со руските началници за безбедност поради состојбата во регионот во Курск, Русија. Шефот на генералштабот Герасимов го информираше Путин дека украинската офанзива е запрена.
-
Економија 07.08.2024 20:30
МЗШВ: Исплатени се 75.640.400 денари субвенции кон 1.609 земјоделци
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска соопшти дека се исплатени субвенциите за мерките 2.12 дополнителни директни плаќања од подмерка 2.08 и 2.10 за предадено јагне и или јаре во регистриран кланичен капацитет.
-
Македонија 07.08.2024 20:13
Од затворот во Струмица во бегство се 23 затвореници, тврди новиот директор Ристов
Во бегство се 23 осуденици од затворот во Струмица – ваква ситуација затекнал в.д директорот на оваа Казнено – поправна установа. Ристов го обвинува претходното раководство за неодговорното работење.









