Новата изложба на скулпторот Жарко Башески насловена како „Ecce Homo Macedonicus: Осмо Светско Чудо“ ќе се отвори на 12 август со почеток во 20 часот во Научниот уметнички центар „Куќата на Уранија“ при МАНУ во Охрид.
Вести
-
Култура 07.08.2024 10:33
-
Свет 07.08.2024 10:16
Тропската бура „Деби“ ги погоди крајбрежните градови во Џорџија и Јужна Каролина
Тропската бура „Деби“ ги погоди крајбрежните градови во Џорџија и Јужна Каролина, предизвикувајќи торнада и поплави по улиците и домовите, што е само почеток на продолжената бура што се очекува да донесе неверојатни количества дожд.
-
Свет 07.08.2024 10:09
Харис и Волц на прв заеднички предизборен собир
Претседателската кандидатка на американските демократи, Камала Харис и нејзиниот назначен потпретседателски кандидат Тим Волц, го почнаа своето прво заедничко патување во предизборната кампања од Филаделфија.
-
Македонија 07.08.2024 10:06
Денеска почнуваат чествувањата за 23 години од масакарот кај Карпалак
Со почит за загинатите пред спомен обележјето во кругот на прилепската касарна „Мирче Ацев“, вечер во Прилеп почнуваат чествувањата за 23-годишнината од загинувањето на 10 прилепски армиски резервисти кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово.
-
Свет 07.08.2024 10:00
Во регионот на Киев активирана противвоздушната одбрана
Во регионот на Киев активирана противвоздушната одбрана по неколку групи напади на руски дронови во повеќе области, соопшти регионалната воена управа.
-
Македонија 07.08.2024 09:43
На владина седница била разгледана можноста за враќање на средното полициско образование
Вчера на владина седница била разгледана можноста за враќање на средното полициско образование, откако Министерството за внатрешни работи предложило реформи во областа на обуката, односно образованието на кандидатите за полицаец.
-
Македонија 07.08.2024 09:32
ЦУК: Вкупно 41 пожар на отворено вчера, шест се активни
Вкупно 41 пожар на отворен простор низ државава се евидентирани во текот на вчерашниот ден. Од тој број, шест се активни, девет се под контрола, 26 се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Свет 07.08.2024 09:25
Косовските Срби денеска протестираат во северно Косово
Косовските Срби најавија за денеска протест во северно Косово поради, како што беше објавено во повикот на организаторите, „лошата состојба на српскиот народ“ во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
-
Свет 07.08.2024 09:10
Се урна хотел во Германија, едно лице загина
По уривање на дел од хотел во Рајнланд-Пфалц, едно лице е пронајдено мртво. Полицијата во Трир соопшти дека уште осум лица сè уште се заробени во зградата во Крев, некои со сериозни повреди.
-
Свет 07.08.2024 09:03
Силен земјотрес на Халкидики, почувствуван и на Тасос
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Земјотресот е регистриран во 7 часот и 19 минути на длабочина од три километри, во близина на Света Гора на Халкидики.










