Претседателката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Одил Рено-Басо, од утре ќе биде во посета на Северна Македонија.
Вести
-
Македонија 21.07.2024 08:59
-
Македонија 21.07.2024 08:53
Еден крак на планината Серта уште е активен, борбата со пожарите продолжува
Борба со пожарите во штипскиот регион на Серта сè уште се води.
-
Македонија 21.07.2024 08:37
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
-
Свет 20.07.2024 20:52
Земјотрес од 4,2 степени ја погоди Грција
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот бил во близина на островот Крит, на длабочина од 5 километри. Засега нема информации за жртви и материјална штета.
-
Македонија 20.07.2024 20:46
Муцунски на средба со Македонците од Албанија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со претседателката Гордана Силјановска Давкова, денеска во Вила Билјана во Охрид се сретнаа со Македонците од Албанија, како и со претставници од нивните здруженијата.
-
Македонија 20.07.2024 19:29
Тошковски: Благодарност до сите што учествуваат во гаснење на пожарите
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов денеска беа на планината Серта, каде изминатите денови се справуваме со активен пожар од голем размер.
-
Македонија 20.07.2024 18:26
Хеликоптери на МВР исфрлија над 68 тони вода врз пожари во реонот на Богомила и селата Габровник и Мокрени
Денеска два хеликоптери од Одделот за воздухопловни единици дејствуваа на повеќе локации каде што имаше пожари во реонот на Богомила, с. Габровник и с. Мокрени. Хеликоптерот Бел 412 во 20 налети исфрли 30 тони вода, а хеликоптерот Ми 171 во 14 налети исфрли 38 тони вода.
-
Македонија 20.07.2024 17:29
Во велешко не стивнува огнот
Ниту еден пламен не смее да се потцени и мора да се дејствува брзо за да не се дозволи огнот да се шири, сликата од велешко ја пренесува Петар Печков …
-
Македонија 20.07.2024 16:39
Мицкоски: Работиме за граѓаните и државата
Ќе направиме се да го подобриме животот на граѓаните ветува премиерот Мицкоски по обвинувањата на опозицијата дека ребалансот кој влегува во собраниска процедура е неразвоен. Шефот на владата во низата проекти го најавува и враќањето на персоналниот данок од претходната година на родилките.
-
Економија 20.07.2024 16:33
УЈП: Од следната седмица преку Министерството за финансии ќе започне исплатата на повратот на ДДВ на компаниите
Имено, веднаш по назначувањето на нов директор во УЈП е формирана Комисија за унапредување на процесите за ДДВ.










