Украинската противвоздушна одбрана ги уништи сите руски дронови над Киев, соопштија во Министерството за одбрана. Слична вест пристигна и од Москва, ликвидирани се експлозивните беспилотни летала врз белгородската област и над Црно Море.
Вести
-
Свет 21.07.2024 12:49
-
Македонија 21.07.2024 12:40
Пожар кај армиското стрелиште „Пенуш“
Пожарот кој се разви вчера далеку позади армиското стрелиште „Пенуш“ кај Штип како крак на големиот пожар на Серта, полека се движи во насока кон Брегалница.
-
Свет 21.07.2024 12:33
Трамп и Венс во Мичиген, клучна држава за американските избори
Прв собир на републиканските кандидати за претседател и потпретседател, Трамп и Венс во Мичиген, клучната држава за американските избори. Венс се осврна на иднината на северноатлантскиот договор за слободна трговија и за статусот на Кина во светската трговска организација.
-
Свет 21.07.2024 12:23
Се усложнува безбедносната состојба на Блискиот Исток
Не нè потценувајте, ќе го браниме Израел со сите средства, и порача премиерот Нетањаху, како што ја нарече, оската на злите земји предводени од Иран. Тој ги потврди воздушните напади врз пристаништето Ходеида во Јемен, кое според премиерот е наменето за снабдување со оружје за Техеран.
-
Македонија 21.07.2024 11:46
Млади од дијаспората во посета на татковината во рамки на програмата „Родум од Македонија“
Дојдоа од илјадници километри подалеку за да се запознаат со татковината на нивните предци. Можноста за професионална практика во адвокатска канцеларија во Македонија ја зграпчи Хенарата од Нов Зеланд, Македонка по потекло која беше за првпат во Македонија.
-
Македонија 21.07.2024 11:15
Приведени крадци во Битола
Синоќа во 20.10 часот на регионалниот пат Битола – Прилеп, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Е.Р.(31) од Прилеп, со привремен престој во с. Ивањевци, општина Могила и Д.А.(37) од Штип, со привремен престој во с. Ивањевци.
-
Македонија 21.07.2024 10:49
Мал број млади крводарители
Службата за трансфузиона медицина во Куманово располага со доволен број крвни единици. Покриени се потребите на градот но и регионот. Недостаток на крв нема, но има на крводарители.
-
Македонија 21.07.2024 10:08
МВР: 103 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 21.07.2024 09:42
ЦУК: Активни се уште девет пожари
Во текот на вчерашниот дена имаше вкупно 30 пожари на отворен простор.
-
Македонија 21.07.2024 09:11
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информираат од АМСМ.
Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце.










