Продолжуваат воздушните напади меѓу Украина и Русија. Ранети цивили во регионите Белгород и Харков. Москва тврди дека руските сили ја презеле контролата врз село во областа Доњецк.
Вести
-
Свет 15.07.2024 08:51
-
Свет 15.07.2024 08:48
Израел: Потерата по Хамас може да трае со години
И додека операциите продолжуваат во Појасот Газа, израелскиот министер за одбрана Галант вели дека потерата по Хамас може да продолжи со години.
-
Свет 15.07.2024 08:43
Бајден: Нема место за политичко насилство
По обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп и кандидат на Републиканците за реизбор за шеф на Белата Куќа, од Тајната служба уверуваат дека имаат безбедносни планови за Републиканската национална конвенција во Милвоки.
-
Македонија 15.07.2024 08:35
Македонија ќе добие помош од неколку држави за гасење на пожарите
Премиерот Мицкоски на својата официјална Фејсбук страница најави дека наскоро пристигнува помош од Словенија, Србија, Турција и Црна Гора за справување со пожарите. Се бориме против огнените стихии поради топлотниот бран.
-
Македонија 15.07.2024 08:26
Сончево и многу топло време
Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Максималната температура ќе достигне и до 43 степени, а УВ индексот ќе биде 10.
-
Македонија 14.07.2024 17:29
Тошковски: Правиме сè за гасење на пожарот во неготинско
Активностите за гасење на пожарот во неготинско продолжуваат со засилено темпо, информираат од МВР.
-
Македонија 14.07.2024 17:22
Активни повеќе пожари низ земјава, и натаму критично на планината Серта
Во моментов активни се повеќе пожари на отворено. Владата доцна синоќа на седница донесе одлука за постоење на кризна состојба во времетраење од 30 дена на територија на целата држава. Во гаснењето вклучени се 100 војници и 30 полицајци, како и полициски хеликоптер и два армиски хеликоптери.
-
Економија 14.07.2024 16:52
Весиќ чека средба со Николоски за брзата пруга
Во 2028 година готова ќе биде и брзата пруга Белград-Ниш. Се работи и на делницата од Ниш до македонската граница, за што Белград ќе аплицира за средства од ЕУ, изјави за МТВ српскиот министер Горан Весиќ.
-
Македонија 14.07.2024 16:20
Полициски хеликоптер исфрли над 38 тони вода врз пожарот на планината Серта
Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува врз пожар што е сè уште активен на планината Серта.
-
Економија 14.07.2024 16:13
Реткост е во Битола да најдете непродаден новоизграден стан
И покрај тоа што неколку илјади станови продадени во минатото седат празни, во Битола не попушта експанзијата на купување на станови. Статистиката на градежниците вели дека нема непродаден новоизграден стан, но и на најголемиот дел на оние што се во градба сопствениците се веќе познати.









