Земјава под вршник. Метрополата живее на речиси 42 степени. Високите температури причина и за сè почесто труење со храна. Граѓаните велат дека внимаваат што консумираат и од каде ја купуваат. Лекарите велат-ординациите се полнат со пациенти кои добиле труење од храна.
Вести
-
Македонија 13.07.2024 15:22
-
Македонија 13.07.2024 14:27
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Премиерот Христијан Мицкоски, оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите Петар и Павле во црквата Св. Кирил и Методиј во Њујорк, како и на собирот организиран од Македонците во САД.
-
Македонија 13.07.2024 13:52
Сиљановска Давкова ги прими избраните жени менаџерки за 2024
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Билјана во Охрид, ги прими избраните жени менаџерки за 2024, од земјава и регионот, во рамки на манифестацијата „Избор на најуспешни жени“, организирана од агенцијата „Марили“.
-
Македонија 13.07.2024 13:20
Четворицата тинејџери во стабилна состојба, уапсено е 40-годишно лице
Уапсено е 40-годишно лица поврзано со случајот со малолетниците кои во бессознание завршија на Токсикологија. Стабилна состојбата на четворицата малолетници. Кај нив е регистрирано присуство на психотропни супстанции.
-
Македонија 13.07.2024 13:05
Бојчевски: Здравствените работници работат во несоодветни услови
Први се кои ни даваат помош, а на температури над 40-от целзиусов степен се изложени и самите.
-
Македонија 13.07.2024 12:47
Мицкоски за МТВ: Сакаме да градиме добрососедски односи, но тоа е двонасочна улица
Жалам што од самитот каде што требаше да испратат пораки на обединување, имаме политичари коишто сè уште мислат на поделби, вели премиерот Мицкоски во интервју за МТВ. Порача-сакаме да градиме добрососедски односи, но тоа е двонасочна улица.
-
Свет 13.07.2024 12:39
Екстремно високи температури низ Европа
Топлотниот бран што зафати делови од централна и јужна Европа вклучително и Балканот предизвика тешкотии во секојдневието. Жешкото време веќе зафати и големи делови од Русија. Во Соединетите држави речиси 130 милиони се соочија со опасно високи температури.
-
Македонија 13.07.2024 12:04
Борба со огнената стихија, пет активни пожари во земјава
Во Македонија активни се пет пожари. Од 26 колку што беа регистрирани во текот на вчерашниот ден, најголемиот дел-21 се локализирани. За 12 дена од месец јули, во Македонија имало вкупно 173 пожари на отворен простор, од поголеми размери, соопштија од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 13.07.2024 11:46
Куманово нема решение за кабаст отпад
Фотелји, кревети, гарнитури на јавни површини, но и во речното корито на Кумановка. Несовесни граѓани продолжуваат да депонираат кабаст отпад во кај што ќе стигнат. Апелите на надлежните и еколошките здруженија засега не даваат резултати.
-
Економија 13.07.2024 11:22
РЕК Битола работи со еден блок
После вчерашниот испад на РЕК Битола од македонскиот електроенергетски систем, во текот на ноќта и утрово комбинатот работи со еден блок. Вчера доцна попладне во функција беше ставен Блок 1.










