Денеска ќе биде потпишан Меморандум за соработка помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Меморандумот ќе го потпишат претседателот на Судот д-р Дарко Костадиновски и деканот проф. д-р Сашо Георгиевски.
Вести
-
Македонија 11.07.2024 10:52
-
Македонија 11.07.2024 10:46
ФЗО-ЗПЛ: Со дигитализација до намалени бирократија и можни злоупотреби
Решавање на проблемите со што се соочуваат лекарите во државава, тема на разговор на директорите на ФЗО, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов, со претставници на Здружението на приватни лекари (ЗПЛ), Лилија Чолакова Дервишова и Мевљудин Куч.
-
Македонија 11.07.2024 10:33
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Економија 11.07.2024 10:23
АСО: Осигурани над 350.000 возила за половина година, секое трето возило има зелена карта
Сопствениците на возила, во првата половина од годинава, вложиле 43,1 милиони евра во задолжително осигурување од автомобилска одговорност како и во зелена карта. Во осигурувањето за возење во странство, зелена карта, граѓаните и компаниите вложиле 10,2 милиони евра за шест месеци.
-
Македонија 11.07.2024 10:21
Потпишано Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност за потребите на Алијансата
Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со колегите од Италија, Албанија и Бугарија, Гуидо Кросето, Нико Пелеши и Атанас Запријанов, вчера на маргините на Самитот на НАТО во Вашингтон потпишаа Писмо на намери за воспоставување на хармонизиран коридор за воена мобилност во рамките на Паневр
-
Македонија 11.07.2024 10:15
МВР: Приведен крадец од Гостивар, расчистени три кражби
Вчера во 12.30 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица „Панче Попоски“ во Гостивар го лишиле од слобода Т.М.(43) од Гостивар, поради основано сомнение дека претходната ноќ извршил три кражби, во кои биле одземени половни делови од возила и алат.
-
Македонија 11.07.2024 10:11
Самит на НАТО: Поддршка за Украина, ветување за идно членство
Како држава подготвени сме да го дадеме својот придонес со сојузниците да ја потврдиме нашата посветеност во промоција на мирот, стабилноста и на владеењето на меѓународното право, порака на премиерот Мицкоски од Самитот на НАТО.
-
Македонија 11.07.2024 10:07
Муцунски: Билатералните односи и економската соработка во фокус на првите денови од посетата на САД
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во изјава за националниот сервис говореше за досегашните активности во рамки на посетата на САД, нагласувајќи дека покрај учеството на НАТО Самитот, истата има и билатерален карактер.
-
Македонија 11.07.2024 09:30
Светски ден на населението
Светскиот ден на населението се обележува од 1989 година 11 јули се одбележува како со цел да се подигне свеста за прашањата кои влијаат врз светската популација. На иницијатива на демографот во Светската банка, К. Ц.
-
Свет 11.07.2024 09:21
Израелски воени операции во Газа
Израелските воени операции во градот Газа продолжуваат додека течат разговорите за прекин на огнот. Израелската војска ги повика Палестинците да го напуштат градот Газа и да се упатат кон југ.










