Собранието денеска треба да ја започне 10-та седница на која на дневен ред се повеќе точки, генерално закони по скратена постапка.
Вести
-
Македонија 11.07.2024 08:22
-
Свет 11.07.2024 08:16
ООН реагира за раселувањето на цивилите во Газа
Обединетите нации алармираат дека многу малку помош добиваат Палестинците од граничниот премин Керем Шалом поради беззаконието, тековните борби и недостатокот на ефикасна координација со израелските сили во Газа.
-
Економија 11.07.2024 08:11
Субвенции за растително производство
По 6.000 денари за хектар годинава ќе добиваат производителите кои имаат засеано и ожнеано површини со житни, индустриски култури, добиточна храна, лековити, ароматични и зачински растенија.
-
Македонија 11.07.2024 08:06
125 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 11.07.2024 08:04
Сончево и многу топло со температури до 41 степен
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 41 степен. УВ индексот ќе изнесува 9.
-
Свет 10.07.2024 22:00
Столтенберг: Поддршката за Украина не е милосрдие, туку безбедносен интерес на НАТО
Поддршката за Украина во справувањето со руската инвазија не претставува милосрдие, туку инвестиција во безбедносниот интерес на НАТО, порача денеска генералниот секретар на Алијансата во воведното обраќање на заседанието на Северноатлантскиот совет во рамки на Самитот на Пактот во Вашингтон.
-
Македонија 10.07.2024 21:29
ЦУК: Вонредна седница на советот на општина Неготино поради пожарот на Серта
Во 21.30 часот ќе се одржи вонредна седница на советот на општина Неготино на која ќе биде активиран и кризниот штаб, соопшти ЦУК.
„После седницата ќе следи детално соопштение за пожарот на Конечка планина (Серта) и планираните активности за негово гаснење“, информираат од ЦУК.
-
Свет 10.07.2024 20:44
Уапсен е осомничениот за убиството на сопругата и двете ќерки на коментаторот на Би-Би-Си
Вооружениот напаѓач осомничен за убиство на три жени во Хертфордшир е уапсен денеска во северен Лондон.
Полицајците по опсежна потрага го пронашле Кајл Клифорд (26), а како што се наведува во соопштението на вооружените сили при апсењето не бил испукан ниту еден истрел.
-
Македонија 10.07.2024 20:14
Средба на претседателот на Собранието Гаши со делегација од НДИ
Претседателот на Собранието Африм Гаши за време на престојот во Соединетите Американски Држави остварил средба во Националниот демократски институт (НДИ), каде се сретнал со делегација предводена од Роберт Бенџамин, директор во НДИ за Централна и Источна Европа.
-
Македонија 10.07.2024 20:07
Повеќе делови од Кисела Вода и Карпош утре без струја
ЕВН известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на ден 11.07.2024 година (четврток), без напојување со електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 до 12:00 часот, корисниците од ул. Христо Татарчев, крак – 15 (Опш. Кисела Вода);










