Времето денеска во претпладневните часови ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Вести
-
Македонија 27.06.2024 08:36
-
Македонија 26.06.2024 21:09
ЦУК: Пријави за штети од невреме во Тетовско, невреме и во Гостиварско и Кумановско
На единствениот повикувачки број 112 во Центарот за управување со кризи пријавени се штети од невреме кое попладнево го зафати Тетовскиот регион, каде од 17 часот и 30 минути врне обилен пороен дожд, проследен со грмежи, засилен ветер и локална појава на град.
-
Македонија 26.06.2024 20:08
Муцунски во Брисел на средби со европарламентарците Мекалистер, Ќучук и Стрик
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во рамките на својата прва посета на Брисел, оствари повеќе одвоени средби со неколку европарламентарци, членови на различни политички групации на Европскиот Парламент, Дејвид Мекалистер (EPP), Илхан Ќучук (Renew) и Тинеке Стри
-
Македонија 26.06.2024 19:14
Покрената постапка против 22-годишник кој уценул 20-годишна скопјанка
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Уцена според член 259 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.
-
Свет 26.06.2024 18:44
Сијарто: Унгарија ќе го забрза проширувањето на ЕУ на Западен Балкан
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска изјави дека за време на претседавањето на Унгарија со ЕУ ќе се забрза проширувањето на Унијата на Западен Балкан и најави одржување на меѓувладини преговори со сите пет земји кандидатки од регионот.
-
Македонија 26.06.2024 18:23
Средба на претседателот на Собранието Гаши со делегација на Баварскиот парламент
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Делегацијата од баварскиот Парламент.
На средбата, претседателот Гаши изрази големо задоволство за континуираниот германски интерес за унапредување на соработката на сите нивоа, вклучително и на парламентарно ниво.
-
Македонија 26.06.2024 18:01
Мисајловски на средба со американската амбасадорка Агелер и одбранбеното аташе полковник Сквајерс
Благодарност за досегашната континуирана поддршка од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави за развој на нашата земја особено за развој на одбранбените капацитети, изрази министерот Мисајловски на денешната средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер, новото одбранбено аташе по
-
Македонија 26.06.2024 17:55
Муцунски упати честитка до идниот генерален секретар на НАТО, Марк Руте
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа „X” упати честитки за постигнатиот консензус за назначувањето на Марк Руте за иден Генерален секретар на НАТО.
-
Македонија 26.06.2024 17:45
Претседателката Сиљановска Давкова го прими постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, Армен Григорјан.
-
Македонија 26.06.2024 17:32
Таравари, Фетаи и Ќоку во посета на Косово
Министерот за здравство Арбен Таравари, придружуван од вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи, како и пратеникот на „Вреди“, Беким Ќоку, првата посета надвор од земјава како дел од извршната власт, ја оствари во Република Косово.









