Најмалку пет лица загинаа, десетици се повредени, а делови од зградата на парламентот во Кенија беа запалени додека пратениците го усвојуваа законот за зголемување на даноците.
Вести
-
Свет 26.06.2024 09:21
-
Свет 26.06.2024 09:16
Асанж по судењето замина за родната Австралија
Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, е на слободна откако се изјасни за виновен за добивање и објавување на воени тајни на САД како резултат на договор со обвинителите на американското Министерство за правда.
-
Свет 26.06.2024 09:05
Вучиќ и Курти на средба во Брисел
Српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти на средба во Брисел како дел од дијалогот за нормализација на односите. Средбата се одржува во момент кога истекува мандатот на европските претставници кои речиси пет години се ангажирани во дијалогот меѓу Белград-Приштина.
-
Економија 26.06.2024 08:56
Субвенции за пчеларство
Пчеларите кои имаат најмалку 10 пчелни сандаци ќе можат да добијат субвенции од по 600 денари за едно пчелно семејство.
За земјоделските стопанства кои поседуваат над 50 презимени пчелни семејства, висината на директните плаќања изнесува 800 денари.
-
Македонија 26.06.2024 08:37
Претпладне сончево и топло, попладне услови за локално невреме
Сончево и топло време со мала до умерена облачност прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Вакво време е најавено за претпладневните часови, а од попладне на места ќе има услови за локално невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.
-
Свет 25.06.2024 21:26
Не стивнуваат нападите меѓу Киев и Москва, Украина започна преговори за пристапување во ЕУ
Не стивнуваат нападите врз Украина и битката со беспилотни летала меѓу Киев и Москва. И двете страни јавуваат за жртви и повредени.
Претседателот Зеленски го разреши командантот на здружените сили. Европската унија официјално ги почнува пристапните преговори со Украина и Молдавија.
-
Македонија 25.06.2024 20:08
Тошковски - Карнер: Заедничката соработка во справување со илегалната миграција е од суштинско значење за стабилноста и безбедноста на регионот
На маргините на Министерската конференција на Салцбуршкиот форум кој се одржува денеска и утре во Австрија, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари значајна билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Сојузна Република Австрија, Герхард Карнер.
-
Македонија 25.06.2024 19:28
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
Собранието попладнево во рамки на 8-та седница едногласно со 84 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.
-
Македонија 25.06.2024 19:17
На ГП Табановце се чека околу 15 минути за влез во државата
Забележана голема фреквенција на возила на граничниот премин Табановце. Времето на чекање за влез во државата е околу 15 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 25.06.2024 18:40
НАТО в среда формално ќе го назначи Руте за следен шеф
НАТО официјално ќе го именува холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов шеф на Алијансата в среда, откако амбасадорите од сите 32 земји-членки одобрија негово назначување.










