Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската унија.
Вести
-
Македонија 25.06.2024 09:25
-
Македонија 25.06.2024 09:22
На Табановце се чека 15 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во Македонија е околу 15 минути.
-
Економија 25.06.2024 09:19
Претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари
Проектот за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари, денеска официјално ќе биде претставен во Скопје.
-
Македонија 25.06.2024 09:12
Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри
Собранието денеска на осмата седница треба да ги верификува мандатите на новите пратеници кои доаѓаат на местата на премиерот Христијан Мицкоски и на неколкумина новоизбрани министри.
-
Македонија 25.06.2024 09:03
Почнува собраниската постапка за Законот за енергетика за намалување на цената на струјата
Во Собранието почнува постапката за дополнување на Законот за енергетика со кој се предвидува намалување на цената на струјата од 1-ви јули. Предлог законот е поднесен од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 25.06.2024 08:55
16-годишно девојче синоќа извлечено од провалија кај манастирот „Св. Илија“ во Струмица
16-годишно девојче синоќа беше извлечено од провалија во близина на манастирот „Свети Илија“ во Струмица. Девојчето било пренесено во струмичката болница, информираат од ЦУК.
Оттаму велат дека случајот го пријавила мајката на девојчето и дека нејзината ќерка има повреди на главата.
-
Македонија 25.06.2024 08:46
Сончево и топло време, попладне локален дожд и грмежи
Во Македонија денеска претпладне ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност.
Попладне на некои места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Вредноста на ултравиолетовото зрачење (УВ) ќе биде 8.
-
Македонија 24.06.2024 21:11
Средба Муцунски – Вархеји
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, во Луксембург.
-
Свет 24.06.2024 20:26
Пентагон: Украина сама одлучува кои цели ќе ги нападне
Пентагон соопшти дека Украина сама одлучува кои цели да ги погоди, откако Кремљ претходно директно ги обвини САД за напад на Крим, за кој Москва рече дека бил извршен со проектили АТАКМС доставени од Вашингтон. Најмалку четири лица загинаа, а 151 лице беа повредени во нападот.
-
Македонија 24.06.2024 19:35
На Табановце се чека до 30 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања
На ГП Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, a времето на чекање за влез во земјава е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.









