Бугарите в недела гласаат на нови, шести по ред предвремени парламентарни избори во последните три години. Аналитичарите велат, шансите за стабилна коалиција што може да стави крај на долгиот период на политичка нестабилност се мали.
Вести
-
Свет 07.06.2024 09:05
-
Македонија 07.06.2024 08:58
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Култура 07.06.2024 08:44
Денеска почнува 58-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“
Под мотото „Промени се, промени сè“, од денес па се до 14 јуни Прилеп ќе биде домаќин на 58-то издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
-
Свет 07.06.2024 08:24
Бајден нема да го помилува син му ако биде осуден
Американскиот претседател Бајден вели дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во Делавер под обвинение дека го прекршил законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје.
-
Свет 07.06.2024 08:21
Жестоки борби на целата линија на фронтот во Украина
Руските сили ја напаѓаат украинската армија на речиси целата линија на фронтот, концентрирајќи ги своите сили на правците Купјанск и Покровски во харковската област-соопшти украинскиот Генералштаб.
-
Свет 07.06.2024 08:16
Реакции по израелскиот напад врз училиште на УНРВА
Шефот на палестинската агенција на ООН Лазарини го обвини Израел дека не ги предупредил за нападот врз училиштето во Нусејрат во кој загинаа десетици цивили, меѓу кои и деца.
-
Македонија 07.06.2024 08:10
На пленарна седница расправа за реорганизација на министерствата
Во Собранието денеска ќе се расправа за реорганизацијата на министерствата. На дневен ред е Предлог-законот за организација и работа на органите на државна управа по скратена постапка што го предложи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-
Македонија 07.06.2024 07:58
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Попладне, во југоисточните делови ќе има услови за ретка појава на пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 8.
-
Свет 06.06.2024 21:26
Тројно убиство во Србија
22-годишник со ловечка пушка ги убил дедото (81), бабата (83) и таткото (60) во семејната куќа во Књажевац, Србија.
Младиот човек рекол дека убиствата ги извршил од сочувство бидејќи дедо му бил неподвижен, а татко му и баба му тешко болни.
-
Македонија 06.06.2024 20:40
Бајдевски влезе, Битиќи се откажа од трката
Петмина кандидати во трка за претседател на СДСМ: Славјанка Петровска, Венко Филипче, Јован Деспотовски, Златко Ристовски, а последниот ден им се придружи и Александар Бајдевски. Ќе гласаат сите членови кои ќе се регистрираат. Новиот претседател ќе биде познат по гласањето на 30-ти јуни.










