Пензиската дупка во Фондот се шири. Во 2022-та за да ја покрие државата на Фондот му префрлила 530 милиони евра, што е 12-тина насто од вкупниот буџет. За информациите од ревизорскиот извештај, известува Андријана Ѓурческа.
Пензиската дупка во Фондот се шири. Во 2022-та за да ја покрие државата на Фондот му префрлила 530 милиони евра, што е 12-тина насто од вкупниот буџет. За информациите од ревизорскиот извештај, известува Андријана Ѓурческа.
Претседателката Сиљановска – Давкова му го врачи мандатот на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски, за состав на Влада. Пред да се гласа за новата влада, ќе се прави реорганизација, ќе се формираат нови и трансформираат стари министерства.
Со претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар Скопје утревечер се отвора 58-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Расте бројот на жртвите од војната во Украина. На денот на сеќавањето на децата кои загинаа во градот суми на северозападот од земјата, жителите се навраќаат на фаталните руски напади.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 3.6.2024 година.
Резултатите од Германија се чекаат, хируршките клиники со надворешни и внатрешни компресори привремено го решаваат проблемот во здравството. Со една сала што работи во две смени – ова значи дека има привремено, но, не и трајно решение за хаосот со оперативниот блок на Хирургија.
Во сабота се полага вториот изборен предмет од матурата.
Вчера во 23.45 часот, полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет при СВР Велес го лишиле од слобода А.Н.(42) од село Сојаклари, велешко.
Над еден килограм златен накит во вредност од 4 милиони денари е запленет од страна на царинските службеници при влез на граничен премин Богородица, со што воедно е спречен обид за избегнување плаќање увозни давачки во висина од еден милион денари.