Рекордна температура од 52.3 Целзиусови степени е регистрирана вчера во Њу Делхи. Властите предупредија од недостиг од вода. Топлотниот бран во централна и северозападна Индија се очекува да стивне денеска.
Вести
-
Свет 30.05.2024 09:16
-
Свет 30.05.2024 09:14
Нова евакуација на Исланд поради ерупција на вулкан
На југозападниот дел на Исланд еруптираше вулканот, по петти пат од декември. Властите го евакуираа малиот рибарски град Гриндавик, како и познатиот геотермален спа-центар „Сина лагуна“.
-
Свет 30.05.2024 09:11
Зајакната поддршката од Западот за Украина
Американскиот државен секретар во Кишињев вети 135 милиони долари помош за Молдавија. Средствата се наменети за енергетска безбедност и за спротивставување на руските дезинформации. Во истовреме Блинкен ја потенцираше поддршката за Украина.
-
Свет 30.05.2024 08:57
Повици за прекин на огнот во Газа
Обединетите нации продолжуваат со повиците за прекин на огнот на Блискиот Исток додека израелската офанзива се интензивира.
-
Македонија 30.05.2024 08:37
Управен ја одби тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино, за изборното место 2101 во село Ларце, а го потврди решението на ДИК. Со прегласувањето на ова избирачко место, коалицијата „Европски фронт“ загуби еден пратеник, додека „Вреди“ доби еден пратенички мандат.
-
Македонија 30.05.2024 08:28
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Економија 30.05.2024 08:17
Пари за подигнување нови лозови и овошни насади
До 31-ви мај лозарите и овоштарите ќе можат да аплицираат за финансирање на нови насади како и за насади со ароматични и медоносни растенија подигнати во периодот од 1-ви мај до 31-ви декември 2023 година.
-
Македонија 30.05.2024 08:14
114 сообраќајни санкции во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 30.05.2024 08:03
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Од пладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
-
Македонија 29.05.2024 20:22
Средба на претседателката Сиљановска Давкова со генерал-потполковник Ѓурчиновски
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.










