Вести

  • Македонија 29.05.2024 19:15

    Врховниот суд денеска ја одби жалбата Боре Видевски, еден од осомничените за двојното убиство

    Врховниот суд денеска ја одби како неоснована жалбата на Боре Видевски, еден од осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Видевски, во жалбата изјавена преку неговиот бранител Бојан Манев, барал притворот да му биде заменет со домашен притвор.

  • Македонија 29.05.2024 18:38

    Водата во Куманово е безбедна за пиење

    Водата во Куманово е безбедна за пиење, покажале физичко-хемиските и бактериолошки параметри. Укината е забраната и таа може да се консумира, потврди Агенцијата за храна и ветеринарство, откако ги доби резултатите од Центарот за јавно здравје.

  • Свет 29.05.2024 18:08

    Вашингтон: Нападот во Рафа е „срцепарателен“

    Белата куќа го опиша израелскиот воздушен напад врз бегалскиот камп во Рафа како „срцепарателен“, но не направи никаков потег да ја ограничи воената помош за Израел или да ја смени својата политика за поддршка на правото на државата да спроведува операции во Газа.
  • Свет 29.05.2024 17:27

    Продолжуваат борбите во Украина

    Се засилуваат нападите на украинскиот фронт. Жртви и повредени во Доњацк, Харков. Соборени дронови на двете страни. Од руски гранатирања предизвикан е пожар во национален парк. Киев тврди, Москва се подготвува за нова офанзива, распоредува околу 300 илјади војници на границата со Украина.

  • Економија 29.05.2024 17:05

    Стабилност само со дисциплинирана фискална политика

    Ако има фискална недисциплина, Буџетот многу троши, нема централна банка што може да ја спречи инфлацијата. Ако има зголемени плати, а слаба продуктивност, се создава инфлаторен притисок.

  • Македонија 29.05.2024 16:46

    Кој ќе раководи со ресорите и натаму во тајност

    Тече рокот од 10 дена за новиот собраниски спикер Африм Гаши да ја извести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за новото парламентарно мнозинство, по што таа треба да го додели мандатот на Христијан Мицкоски како мандатар да ја состави новата Влада.

  • Македонија 29.05.2024 16:20

    Намалената капитација ги извади матичните лекари на протест

    Наместо ручек и кафе, половина час матичните лекари на протест. 20, па и 30.000 денари ќе бидат казнети. Според Фондот, препишале повеќе рецепти на хронична терапија и антибиотици.

  • Македонија 29.05.2024 16:09

    ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ му одговорија на Ахмети

    Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, ниту е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, важно е што волјата на мнозинството е тоа да ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ. 

  • Македонија 29.05.2024 16:00

    Ахмети најави битка за легитимитет

    Не станува збор за бојкот, го напуштивме Собранието оти сме омаловажени. Кои ќе бидат следните чекори ќе треба одлучат сите чинители на „Европскиот фронт“, вели Ахмети. Посочи дека постои договор да се оштети „Европскиот фронт“.

  • Македонија 29.05.2024 15:17

    Шокаровски: Оркестрирана хајка се води против Клиниката за кардиохирургија

    Оркестрирана хајка се води против Клиниката за кардиохирургија, со цел да се уништи, оти некому не му одговара, вели разрешениот директор Марјан Шокаровски, без да одговори во кого се сомнева. Со податоци од интерна анализа одговори на обвинувањата на министерот за здравство.

Pages