Вчера во 02.20 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го приведоа А.А.(23) од Кичево.
Вести
-
Македонија 29.05.2024 09:34
-
Свет 29.05.2024 09:24
Директен судир на автобус и автомобил кај Младеновац, еден загинат и голем број повредени
Возач на автомобил загина при судир со автобус кај Мали Пожаревац, во соседна Србија.
Повредени се повеќе од 20 лица, а екипи на итната помош се на терен. Повеќето од повредените се здобиле со полесни повреди.
-
Македонија 29.05.2024 09:20
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен
Претседателката на Уставен суд – Добрила Кацарска, денеска на прес-конференција ќе даде осврт на тригодишниот мандат како претседателка на највисокиот суд во државава.
На Кацарска мандатот ѝ истекува на 2-ри јуни, до кога треба да се избере и нов претседател на Уставен суд.
-
Македонија 29.05.2024 08:58
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 29.05.2024 08:51
„Европскиот фронт“ со тужба пред Управен за прегласувањето во Желино
Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд по решението на Државната изборна комисија за прегласувањето во Желино, на изборното место 2101 во село Ларце. Судот треба да одлучи во рок од 48 часа по приемот на тужбата.
-
Свет 29.05.2024 08:35
Во Грузија нови протести и повик за референдум
Илјадници Грузијци повторно излегоа на улиците во Тбилиси откако парламентот го отфрли претседателското вето на законот за странски агенти. Претседателката Зурабишвили има пет дена да го поддржи Нацрт-законот, или во спротивно, собранискиот спикер ќе го потпише како Закон.
-
Свет 29.05.2024 08:28
Гори на фронтот во Украина, нападите продолжуваат
На украинскиот фронт гори.
-
Свет 29.05.2024 08:24
Алжир со Нацрт-предлог до Советот за безбедност на ООН за ставање крај на убиствата во Газа
Саудијците го обвинуваат Израел за „континуирани геноцидни масакри“ додека обидот за нормализација опаѓа. Алжир со Нацрт-предлог до Советот за безбедност на ООН за ставање крај на убиствата во Газа и безусловно ослободување на заложниците.
-
Економија 29.05.2024 08:21
Финансиска поддршка во овоштарството
Корисници на финансиската поддршка во овоштарството се земјоделските стопанства кои имаат насадени површини од минимум 0,2 хектари збирно за сите видови овошки.
Финансиската поддршка изнесува 12.000 денари по хектар.
-
Македонија 29.05.2024 08:04
Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. УВ индексот ќе изнесува 6.










