Закажана конститутивна седница во законодавниот дом. На неа треба да се верификуваат мандатите на новите народни избраници. Ќе се бира и собраниски спикер. Од Собранието известува Миле Ристески.
Вести
-
Македонија 28.05.2024 10:13
-
Култура 28.05.2024 09:55
„Настан од една нишка: Глобални наративи во текстил“ нова изложба во МСУ и музејска тура за сладокусците
За посетителите кои се заинтересирани да ја погледнат изложбата со личен кустос водич, истата вечер во 19.30 часот, пред официјалното отворање, кустосот Бојана Јанева со дел од присутните уметници ќе проговори за концептот на поставката пред присутните.
-
Свет 28.05.2024 09:38
Нетанјаху: За нас ова е трагедија, за Хамас – стратегија
Итна средба зад затворени врати на советот за безбедност на ООН по израелскиот напад во Рафах во кој загинаа десетици цивили. Нетанјаху призна дека дошло до трагична грешка и најави целосна истрага на случајот.
-
Македонија 28.05.2024 09:24
631 случај со голема кашлица во државава, хоспитализирани уште три лица
Од 17 до 23 мај, пријавени се 34 нови случаи на голема кашлица, со намалување од 22,7 отсто споредено со претходниот седмодневен период, кога беа евидентирани 44 новозаболени.
-
Свет 28.05.2024 09:16
Северна Кореја неуспешно лансира шпионски сателит
Северна Кореја неуспешно се обиде да испрати шпионски сателит во орбитата. Јужна Кореја објави видео за кое тврди дека го покажува неуспешниот обид за лансирање на соседот. Потегот на Пјонгјанг доаѓа во време на состанокот на Јужна Кореја, Кина и Јапонија во Сеул.
-
Култура 28.05.2024 09:15
Меѓународен танцов фестивал Credеnce Dance повторно во јуни
Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје од 1 до 5 јуни 2024 година во Националната опера и балет, ќе го реализира вториот по ред Фестивал за класичен и современ танц Credеnce Dance Festival.
-
Македонија 28.05.2024 08:50
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Свет 28.05.2024 08:44
Расте бројот на жртви по серијата торнада во САД
Повеќе од 20 луѓе го загубија животот по серијата торнада што ги зафатија централните и јужните делови на САД. Тексас, Арканзас, Оклахома и Кентаки се соочуваат со сериозни последици од смртоносната бура. Властите прогласија вонредна состојба.
-
Свет 28.05.2024 08:42
Зеленски во Брисел, најави нов воен договор
Киев најави уште еден воен договор со Белгија. Украинскиот претседател Зеленски по Мадрид, заминува за Брисел. Шпанија претходно вети оружје за Украина вредно една милијарда евра.
-
Свет 28.05.2024 08:37
Советот за безбедност на ООН ќе одржи итен состанок по нападот во Рафах
Итна средба зад затворени врати на Советот за безбедност на ООН по израелскиот напад во Рафах во кој загинаа десетици цивили. Израелскиот премиер Нетанјаху призна дека дошло до трагична грешка и најави целосна истрага на случајот.










