Израел му возврати Хамас за истреланите ракети од Газа, по што беа активирани сирените за воздушен напад во Тел Авив за прв пат по неколку месеци.
Вести
-
Свет 27.05.2024 10:26
-
Македонија 27.05.2024 10:04
ЦУК: 1.377 повици кон 112, три пожари и пронајдена стара граната во нива
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1.377 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 62,16%, а 37,84% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-
Култура 27.05.2024 10:03
Промоција на книгата „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска
Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи денеска, во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот.
Ова е трета поетска збирка на авторката, чија книга е во издание на „Чудна шума“.
-
Македонија 27.05.2024 09:31
Извршен увид по пукање на Пластичарска улица во Скопје
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.
-
Култура 27.05.2024 09:27
Гостување на хрватски гитарски квартет во Филхармонија во чест на жената
Утревечер, во 20.30 часот, на големата сцена во Македонската филхармонија, во организација на платформата „За тебе“ за првпат ќе гостува „Хрватски гитарски квартет“ во состав: Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ.
-
Свет 27.05.2024 09:18
Продолжува израелската офанзива во Рафах
Израел му возврати Хамас откако милитантната група вчера истрела ракети од Газа по што беа активирани сирените за воздушен напад во Тел Авив за прв пат по неколку месеци.
-
Свет 27.05.2024 09:15
Јужна Кореја, Јапонија и Кина ја потврдија важноста од денуклеаризација на Корејскиот Полуостров
Јужна Кореја, Јапонија и Кина ја потврдија важноста од денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. На состанокот на трите земји во Сеул, истакната важноста за соработка во Источна Азија.
-
Македонија 27.05.2024 09:13
Пукање на „Пластичарска“, еден починат и двајца повредени
Едно лице починало, а две се ранети по синоќешното пукање на Пластичарска, информираат од МВР.
Според информациите, пукањето на бул. „Никола Карев“ во Скопје било пријавено синоќа околу 23.40 часот.
-
Македонија 27.05.2024 09:09
Сообраќајка на патот Штип – Кочани, сообраќајот во прекин
Поради сообраќајна несреќа денеска од 7:40 часот сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
-
Македонија 27.05.2024 08:47
100 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.










