Вести

  • Македонија 03.04.2026 15:05

    Савески на средба со амбасадорите на Франција и на Германија

    Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески ги прими во посета амбасадорите на Р. Франција и на С.Р. Германија во нашата земја, Кристоф Ле Риголер и Петра Дрекслер, со кои разговараше за плановите и проектите на почетокот на неговиот мандат.

  • Свет 03.04.2026 14:49

    САД и Израел продолжуваат со нападите во Иран

    Најголемиот мост во иранскиот град Караџ близу Техеран е уништен во американски воздушен напад. Има жртви и десетици повредени. Трамп се закани – ова е само почеток, ако нема договор следни на удар ќе бидат електраните.

  • Македонија 03.04.2026 14:33

    Лишен од слобода возач од Берово, управувал возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола

    На 02.04.2026 во 17:48 часот во ОВР Берово е пријавено дека на регионалниот пат Берово - с.Дабиље, на место викано „Ширината“, во атар на Берово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со беровски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.А.(37) од Берово и патничко возило „шкода“

  • Македонија 03.04.2026 14:10

    Охридскиот кардиолошки центар воведе нова метода за лекување

    Со воведувањето на методата „Механичка ротациона атеректомија“ Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ од Охрид е првата здравствена установа во земјава што ја користи во третманот на специфични промени на периферните артерии.

  • Македонија 03.04.2026 13:45

    Пролетниот мраз-закана за овошките

    Овошките на удар на климатските промени и годинава поради променливите температури. Засега нема штети, но неизвесноста е тука и не се знае дали мразот ќе ги поштеди или ќе ги изеде. Најчувствителни кајсијата, праските и бадемите, малку поотпорни се црешите.

  • Македонија 03.04.2026 13:39

    Тридневен социо-здравствен саем

    Недостиг на лекови и помагала, долги листи на чекање – ова вообичаено се најчестите поплаки на пациентите. За тоа, како да се променат работите се разговараше во Охрид, каде почна тридневен социо-здравствен саем, настан што ги обединува лекарите, институциите и граѓаните.

  • Економија 03.04.2026 13:31

    Неопходна потреба од консолидација на земјиштето

    Инфлацијата притиска кај основните прехранбени производи. Македонија мора да го зголеми производството. Чекор кон исполнување на таа цел е консолидацијата на земјиштето. За ова се разговараше во Стопанската комора на Македонија. 
     
    Борис Грујоски известува.

     

  • Македонија 03.04.2026 13:30

    Соработка за иновации во образованието

    Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво се поврзува со државните универзитети. Соработката треба да резултира со подобри резултати и развој на образованието.

    Викторија Милевска го следеше настанот што се одржа во Владата.

  • Македонија 03.04.2026 13:29

    Следното пребројување на населението по електронски пат

    Се подготвува статистички регистар на населението. Од Државниот завод објаснуваат дека целта е да се овозможи земјава следниот попис да го спроведе по електронски пат.
     
    Андријана Ѓурческа известува.

     

  • Македонија 03.04.2026 13:20

    Намален бројот на приговори до судот

    Повеќе прекршоци, помалку приговори до Кривичниот суд. Ова го покажуваат податоците за март за функционирањето на системот „Безбеден град“. За разлика од февруари, бројот на прекршоци е повисок за цели 37 проценти.

    Ана Јосифоска известува.

Pages