Пламени јазици што голтаат илјадници хектари шума, пеплосани домови, уништена инфраструктура – климатските промени ни праќаат разгледница од суровата иднина. Противпожарните екипи во Франција и во Шпанија неколку дена се во немилосрдна борба со незапамтените шумски пожари.
Вести
-
Свет 27.07.2026 14:00
-
Економија 27.07.2026 13:31
Нова цена на парното 1-ви август
Попладнево, прес – конференција одржува и Регулаторната комисија за енергетика. Ја соопштува новата цена на парното што ќе важи од 1-ви август. Дали скопјани се соочени со нов удар по џебот?
Александра Велинова известува.
-
Економија 27.07.2026 13:23
Дополнетиот ребаланс на Буџетот пред пратениците
На дневен ред во Собранието, Дополнетиот предлог за ребаланс на Буџетот, со амандманите што беа прифатени. Вкупните приходи се планирани на 6,17 милијарди евра, расходите на 6,92, со што дефицитот ќе изнесува 753 милиони евра, односно, 4,1 процент од БДП. Растот е проектиран на 3,5 проценти.
-
Македонија 27.07.2026 13:16
Од денеска водата во Гостивар за техничка употреба
Почеток на крајот на маките на жителите на Гостивар. По десетдневната голгота, анализите конечно потврдија дека водата е безбедна, но само за техничка употреба. Забраната за пиење и приготвување храна останува.
Наташа Јанчиќ-Менковски известува од Гостивар.
-
Македонија 27.07.2026 13:01
ЈП „Комуналец“ – Гостивар тврди дека проектот за водоснабдителниот систем, е реализиран со 98 проценти
98 проценти од предвидените работи за водоснабдителниот систем се реализирани, остануваат уште 600 метри од трасата, за кои се чека согласност од Јавното претпријатие за државни патишта за целосно поврзување на системот.
-
Свет 27.07.2026 12:47
Сиетл: Пукање на фестивал за храна, има мртви и ранети
Две лица се убиени во пукотница на популарниот фестивал за храна во центарот на Сиетл. Најмалку петмина се повредени меѓу кои и 2-годишно дете. Голем број полицајци и екипи на итната медицинска помош интервенирале на местото на настанот.
-
Култура 27.07.2026 12:30
Коњаниците тргнуваат на пат кон Крушево
Почнува 48. Илинденски марш. Околу 40 коњаници, меѓу кои и пет девојки попладнево, од дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе тргнат на пат кон востаничко Крушево.
-
Македонија 27.07.2026 12:15
Изминатиот викенд констатирани 1.355 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 38 лица за безобѕирно управување на возило
Во текот на изминатиот викенд (25/26.07.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ државата, од вкупно 1.355 издадени платни налози, 412 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале
-
Македонија 27.07.2026 12:04
Нови 127 прегледани гостиварчани со симптоми на ентероколит
Министерството за здравство излезе со дневниот пресек за епидемиолошката ситуација во Гостивар. Вчера се регистрирани уште 127 пациенти со симптоми, двајца повеќе од претходниот ден. Има и двајца хоспитализирани, еден на инфективното и еден пациент на одделението се педијатрија.
-
Македонија 27.07.2026 11:39
Водата во Скопје безбедна за пиење
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).










