Околу 12.000 млади лица годишно ја напуштаат Македонија. Според истражувањето на „Социетас цивилис“, две третини од младите би ја напуштиле земјата доколку им се укаже можност, а главна причина е квалитетот на живот. Невработеноста меѓу младите е 23%.
Вести
-
Македонија 21.05.2026 16:34
-
Економија 21.05.2026 16:00
Божиновска: Се работи забрзано на енергетско поврзување со регионот, клучен приоритет-енергетската стабилност
На состанокот, на којшто присуствуваа претставници од релевантните институции на полето на енергетиката, се разговараше на повеќе теми, во насока на навремена реализација на енергетските проекти, како и преземање мерки за справување со предизвиците во секторот.
-
Македонија 21.05.2026 15:14
Две лица приведени по пријави за семејно насилство, евидентирани четири случаи за едно деноноќие
Две лица се лишени од слобода по пријави за семејно насилство во Штип и Тетово, додека полицијата во последното деноноќие евидентирала вкупно четири случаи на семејни расправии, закани и обиди за напад во Скопје и гостиварско.
-
Свет 21.05.2026 14:23
САД поднесоа обвинение против Раул Кастро
САД покренаа обвинение против поранешниот претседател на Куба, 94-годишниот Раул Кастро, поради инцидент од 1996 година, кога кубанската авијација собори два мали американски цивилни авиони. Кастро и уште петмина се товарат за убиство и за заговор за убивање американски граѓани.
-
Македонија 21.05.2026 13:36
Депонијата во Радовиш под контрола, препораките остануваат
Полека се нормализира состојбата со радовишката депонија, која со денови чади и ги труе граѓаните. Мерките за заштита на населението и натаму се во сила.Од терен известува Ване Трајков. -
Македонија 21.05.2026 13:34
Истрага за убиство во село Копаница, скопско
Жена со прострелна рана во главата пронајдена во селото Копаница, скопско. Сопругот тврди дека се самоубила со неговиот пиштол, откако имале расправија.
-
Македонија 21.05.2026 13:29
1.800 вработени ги тужат болниците
Јавните здравствени установи соочени со тужби од 1.800 вработени. Побаруваат над два милиони евра. Најмногу побарувања има од клиничката болница во Битола, а најголем број тужби имаат поднесено вработените од општата болница во Куманово.
-
Економија 21.05.2026 13:27
Комисиска расправа за заемот од 260 милиони евра
Во Собранието, обид за деблокира на заемот од 260 милиони евра плус камати. СДСМ гневни, обвинуваат дека Гаши ја заобиколил Лукаревска која претседаваше со Комисијата, најавија кривична и интерпелација.
Известува Марина Стојанова Тонева
-
Економија 21.05.2026 13:21
„Костал“ одбележа 10 години работа во Македонија
Премиерот Мицкоски денеска во Охрид присуствуваше на одбележувањето 10 години постоење на компанијата „„Костал“ на македонскиот пазар.
Александра Велинова известува од Охрид.
-
Македонија 21.05.2026 13:13
Европски пари за македонски реформи
65,7 милиони евра – ова е сумата што земјава ја добива од Европската унија за сработеното од реформската агенда. Тоа е повеќе од Албанија и Црна Гора, но помалку од она што можеше да земе ако докрај се завршеше домашната задача.










