Вести

  • Македонија 21.05.2026 13:29

    1.800 вработени ги тужат болниците

    Јавните здравствени установи соочени со тужби од 1.800 вработени. Побаруваат над два милиони евра. Најмногу побарувања има од клиничката болница во Битола, а најголем број тужби имаат поднесено вработените од општата болница во Куманово.

  • Економија 21.05.2026 13:27

    Комисиска расправа за заемот од 260 милиони евра

    Во Собранието, обид за деблокира на заемот од 260 милиони евра плус камати. СДСМ гневни, обвинуваат дека Гаши ја заобиколил Лукаревска која претседаваше со Комисијата, најавија кривична и интерпелација.

    Известува Марина Стојанова Тонева

  • Економија 21.05.2026 13:21

    „Костал“ одбележа 10 години работа во Македонија

    Премиерот Мицкоски денеска во Охрид присуствуваше на одбележувањето 10 години постоење на компанијата „„Костал“ на македонскиот пазар.

     

    Александра Велинова известува од Охрид.

     

  • Македонија 21.05.2026 13:13

    Европски пари за македонски реформи

    65,7 милиони евра – ова е сумата што земјава ја добива од Европската унија за сработеното од реформската агенда. Тоа е повеќе од Албанија и Црна Гора, но помалку од она што можеше да земе ако докрај се завршеше домашната задача.

  • Македонија 21.05.2026 12:57

    Собраниска дебата за геополитичката димензија на проширувањето на ЕУ и импликациите за Западен Балкан

    Повластен набљудувачки статус за Западен Балкан, учество на состаноци Европската комисија и парламент за регионот, предлага со писмо до европските лидери германскиот канцелар Мерц. Повика веднаш безусловно да се отворат сите поглавја.

  • Свет 21.05.2026 12:15

    Трамп се закани со нови напади врз Иран ако не прифати договор

    Американскиот претседател тврди дека преговорите со Иран се во завршна фаза, но предупреди на нови напади доколку Техеран не прифати договор. Во исто време, Иран го обвини Трамп дека планира повторно војна и се закани со напади надвор од Блискиот Исток.

  • Економија 21.05.2026 11:14

    Николоски: Автопатот Охрид-Кичево ќе го завршиме во рокот

    Рокот за завршување на автопатот Охрид-Кичево е мај следната година, јас очекувам да биде и завршен и пред рокот бидејќи активностите одат многу добро, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за национална телевизија.

  • Свет 21.05.2026 10:47

    Киев наскоро ја добива првата транша од ЕУ

    Зеленски очекува првите транши од деблокираниот пакет заем од 90 милијарди евра од Европската Унија да се исплатата во наредните недели. Пакетот за помош има за цел да и помогне на Украина да ги задоволи економските и воените потреби во тековните две години.

  • Македонија 21.05.2026 10:03

    Гаши ја закажа Комисијата за финансирање и буџет

    Спикерот Гаши за 11 часот го закажа продолжението на Комисијата за финансирање и буџет. Пред два дена претседателката на комисијата, Сања Лукаревска од СДСМ, ја прекина расправата откако власта и опозицијата се скараа за новиот заем и фискалната стратегија.

  • Свет 21.05.2026 09:11

    Трамп: Преговорите со Иран се во завршна фаза

    Американскиот претседател изјави дека преговорите со Иран се во завршна фаза, но предупреди на нови напади доколку Техеран не прифати договор. Во исто време, Иран го обвини Трамп дека планира повторно започнување војна и се закани дека ќе возврати со напади надвор од Блискиот Исток.

Pages