Се обидел добро да ги скрие, но ги најде кучето на Царинската управа. Во возило на граничниот премин „Табановце“ пронајдени и одземени пола милион евра.
Вести
-
Македонија 20.05.2026 16:53
-
Македонија 20.05.2026 16:37
УХМР: Утре засилен ветер, од петок невреме и поројни дождови
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h), информираат од УХМР.
-
Македонија 20.05.2026 16:13
Македонските пожарникари го одбележуваат 20 мај – Денот на пожарникарството
Како дете, со восхит ги следел авантурите на пожарникарот Сем. Но, за Христијан тој лик не бил само цртан херој, туку и инспирација еден ден да спасува луѓе. Веќе 16 години е дел од Противпожарната бригада.
-
Свет 20.05.2026 15:47
Лидерите на Русија и Кина со нова демонстрација на политичка блискост од Пекинг
Путин и Шји со нова демонстрација на политичка блискост од Пекинг. Лидерите најавија продлабочување на стратешкото партнерство и поголема координација на меѓународната сцена, оценувајќи дека односите меѓу двете земји се на највисоко ниво досега.
-
Култура 20.05.2026 15:19
„Алтус НЗ“ со концерт во македонскиот КИЦ во Истанбул
Во Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, на 21 мај 2026 година, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи концерт на ансамблот „Алтус НЗ“, составен од уметниците Елена Стојческа – флејта, Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Паскал Краповски – виолончело и Ромен Петио – гитара.
-
Свет 20.05.2026 14:58
Расте бројот на сомнителни случаи со ебола, Конго бара меѓународна помош
Демократска Република Конго бара меѓународна помош за борба против епидемијата на ебола. Бројот на сомнителни случаи расте, Уганда воведе карантин за над 100 лица поради можен контакт со заразени. Досега се потврдени над 500 сомнителни и над 130 смртни случаи во регионот.
-
Култура 20.05.2026 14:33
Објавени јавни повици за аудиција за членови и диригент за Детскиот хор на МРТ „Големи и мали“
МРТ ги повикува сите деца кои имаат љубов кон музиката, пеењето и сценскиот настап да се пријават на аудиција за нови членови на Детскиот хор на МРТ „Големи и мали“.
-
Свет 20.05.2026 14:23
Трамп: Можеби ќе мора повторно да го нападнеме Иран
Американскиот претседател Трамп изјави дека Вашингтон можеби ќе мора да му зададе „уште еден силен удар“ на Иран, додека продолжуваат преговорите за нуклеарната програма.
-
Економија 20.05.2026 14:02
Синдикалната минимална кошница во мај изнесува 68.743 денари
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) соопшти дека вредноста на синдикалната минимална кошница за мај 2026 година изнесува 68.743 денари. Во однос на април, кога изнесувала 68.797 денари, забележано е намалување за 54 денари.
-
Македонија 20.05.2026 13:26
На „Табановце“ запленети половина милион евра
Историски најголема заплена на Царината. Во минибус на граничниот премин „Табановце“ се пронајдени и одземени пола милион евра. Директорот на управата, Бобан Николовски рече дека парите се пронајдени во специјално монтиран бункер во возилото.










