Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за утврдување на малопродажните цени на горивата.
Според одлуката, вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат во просек за 3.59%.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за утврдување на малопродажните цени на горивата.
Според одлуката, вечерва на полноќ цените на горивата се зголемуваат во просек за 3.59%.
Основана Кинеско-македонската стопанска комора. Целта е продлабочување на економската соработка и поттикнување на трговската размена меѓу Македонија и Народна Република Кина.
Борис Грујоски известува.
Во големата судница во „Идризово“ продолжи судењето за кочанската трагедија, со презентирање докази на Обвинителството за градежното вештачење направено од повеќе професори.
Наташа Јанчиќ Менковски го следи новото рочиште за случајот „Пулс“.
Собранието расправа за реконструкцијата на владиниот кабинет. На дневен ред предлозите за разрешување на неколку министри и заменици-министри, како и за избор на нивните наследници.
Викторија Милевска известува од законодавниот дом.
Уште една ноќ на Блискиот Исток помина со сирени за опасност. Американската војска изврши нов бран напади врз цели во Иран. На удар системите за противвоздушна одбрана и радарски станици.
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
Најмалку 27 лица загинаа во огромен пожар што зафати паб во Бангкок. Се истражуваат причините за несреќата. Според извештаите, пожарникарите успеале да го стават пламенот под контрола за околу половина час, но резултатот веќе бил катастрофален.
Украина удри врз нафтените објекти на Руската Федерација, како и врз десет руски танкери и четири фериботи во Азовското Море. Москва возврати со ракети и беспилотни летала во повеќе украински региони.
Вечерва на фестивалот Скопско лето ќе се отвори изложба на графика насловена „Траги во графиката“ на Виктор Семенпеев, во Национална галерија на Македонија – Мала станица, со почеток во 20:30 часот.