Денеска полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола, соопштија од МВР.
Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото.










