Променливо облачно и посвежо со сончеви периоди. Во јужните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од-1 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Вести
-
Македонија 01.05.2026 08:34
-
Македонија 01.05.2026 08:10
„За плата се бориме – не се молиме“ - осми првомајски протест организиран од ССМ
Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот. По тој повод, Сојузот на синдикати на Македонија организира протест под мотото „За плата се бориме – не се молиме“.
Ова е осми првомајски протест што го организира ССМ, а годинава е со барање за зголемување на платите на работниците.
-
Култура 30.04.2026 20:46
„Џеки“ на Драмски театар Скопје освои две награди на Фестивалот на монодрама во Битола
Претставата „Џеки“ на Драмски театар Скопје освои две значајни признанија на годинашниот 27. Интернационален фестивал на монодрама во Битола.
-
Свет 30.04.2026 20:18
Антисемитизмот најитно прашање за безбедноста на Велика Британија
Британскиот премиер свика итен состанок на кабинетот по нападот со нож врз двајца Евреи во Лондон, што според полицијата е терористички чин. Владата го нарече антисемитизмот во Велика Британија „вонредна состојба“ и најави дополнителни средства за зголемување на безбедноста.
-
Економија 30.04.2026 19:43
Димитриеска-Кочоска: Остануваме на остварување на јасната определба за одговорно и дисциплинирано управување со јавните финансии
Министерството за финансии останува посветено на градење поотпорен, постабилен и поефикасен систем на јавни финансии. Унапредувањето на фискалната рамка е во интерес на економската стабилност и долгорочниот развој на државата.
-
Македонија 30.04.2026 19:22
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Ерменија, Цовинар Хамбарџумиан
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Ерменија, со седиште во Софија, Цовинар Хамбарџумиан.
-
Економија 30.04.2026 18:48
Конференција за јавни финансии со препораки за реформи
Ниска ефикасност на буџетските средства за субвенциите и капиталните инвестиции укажуваат истражувањата кои беа презентирани на Конференцијата за ефикасност на јавни финансии. Според образложението, домашното производство се намалува, увозот на земјоделски производи се зголемува.
-
Македонија 30.04.2026 18:36
Гаши: Законот за влада донесен според деловникот
Законот за влада е донесен според деловникот и според законските одредби, потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски законски постапил кога барањето на ДУИ го ставил на изјаснување на пленарна седница, вели собранискиот спикер Гаши.
-
Македонија 30.04.2026 18:12
Пад од три места на Индексот за слобода на медиумите
Македонија падна за три места на Индексот за слобода на медиуми на „Репортери без граници“ и сега се наоѓа на 45-то место, со состојба оценета како проблематична.
-
Македонија 30.04.2026 17:54
Поранешната антикорупционерка на обвинителна клупа
Заврши доказната постапка на Обвинителството во случајот против поранешната претседателка на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска, како првоосомничена.









