Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 1, а максималните ќе достигнат од 14 до 20 степени
САД предложиле нова рунда разговори следната недела меѓу Украина и Русија, со американско посредување, објави украинскиот претседател. Зеленски рече дека средбата би можела да се одржи во Швајцарија или во Турција.
Американските сили погодиле и целосно уништиле 16 ирански пловила кои поставувале мини во Ормускиот Теснец. Војската разработува дополнителни опции по директива на претседателот Трамп, доколку биде потребно, морнарицата, да ги придружува танкерите што минуваат низ оваа клучна поморска рута.
Денеска во Собранието ќе заседаваат пет комисии – Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија.
Во последното деноноќие во полициските станици низ земјава се евидентирани вкупно 14 пријави за семејно насилство, а четири лица се лишени од слобода во Скопје, Кавадарци и во гостиварскиот регион.
Во Драмски театар денеска се одржа првата проба на претставата „Мачкина глава“ во режија на Дејан Пројковски.
Владата донела одлука за одземање на уште шест лиценци за одгледување на канабис.
Станува збор за законски пропусти при извршена проверка од комисијата којашто е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат фирмите.
Претходно, беа одземени уште шест лиценци.
Заменик претседателот на Владата Александар Николоски, денеска во Вашингтон САД, оствари работна средба со Чарлс Кормиер, регионален директор за инфраструктура во Светска банка.
Операцијата „Епски бес“ во Иран почна поради нов објект за материјали за нуклеарно оружје, но целите се речиси исполнети и војната би можела наскоро да заврши, објави американскиот претседател.
Царинската управа и Управниот суд денес потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува дигитално поврзување меѓу двете институции и електронска размена на документи во рамки на управните спорови.