Охрид, македонскиот духовен центар е полн со туристи. Градот раздвижен, илјадници гости од различни вери и националности заедно ги чествуваат велигденските празници.
Каква е атмосферата во центарот на охридското крајбрежје, известува Соња Рилковска.
Охрид, македонскиот духовен центар е полн со туристи. Градот раздвижен, илјадници гости од различни вери и националности заедно ги чествуваат велигденските празници.
Каква е атмосферата во центарот на охридското крајбрежје, известува Соња Рилковска.
Православните верници ги почнаа чествувањата за најголемиот христијански празник Велигден. Денеска е Велики петок, најтажниот ден во историјата на Христијанството, но храмовите се полнат со верници.
Какви се традициите и народните верувања, Елизабета Митреска известува од Прилеп.
Системот за влез во Европската унија од денеска станува целосно оперативен и ќе ги регистрира сите странски државјани што ги преминуваат надворешните граници на ЕУ преку копнени премини, пристаништа и аеродроми.
Почна примената на новиот граничен систем за патување во Шенген-зоната. Се бара отпечаток од прсти и фотографија, се скенира патната исправа на секој патник.
Очите на светската јавност вперени кон Пакистан. Исламабад е домаќин на клучните разговори за крај на војната на Блискиот исток. Примирјето меѓу САД и Иран и натаму на стаклени нозе.
Четворицата астронаути од „Артемис 2“, кои го направија првото патување со екипаж на Месечината по повеќе од половина век, денеска се враќаат на Земјата.
По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден“ утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Рускиот претседател Путин се согласи за велигденско примирје во Украина од утре од 16 часот до доцните попладневни часови в недела.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и одговорност особено во деновите од Велигденските празници кога се очекува зголемен интензитет на сообраќај особено кон туристичките места.
Јавниот автобуски превоз во Скопје за велигденските празници ќе сообраќа по неделен возен ред, информираат од ЈСП Скопје.