Премиерот на Сараевскиот кантон, Нихад Ук, поднесе оставка по трагичната трамвајска несреќа и протестите. Судот го ослободи возачот Аднан Касаповиќ, осомничен за смртта на едно лице и повредите на уште четири. Одбраната тврди дека причината е технички дефект, а Касаповиќ негира вина.
Вести
-
Свет 16.02.2026 14:07
-
Економија 16.02.2026 13:38
Построги критериуми за субвенции и засилени контроли, најави Трипуновски
На земјоделците ќе им бидат исплатени субвенциите, нема да бидат намалени туку ќе се заострат критериумите за нивно добивање.
-
Македонија 16.02.2026 13:11
Превозниците бараат ажурност од Брисел
Транспортните компании повторно се соочуваат со проблем. Сè уште нема конкретно решение за олеснување на шенгенското правило за престој на превозниците од Западен Балкан.
-
Македонија 16.02.2026 13:02
Се санираат штетите во Општина Сарај
Комисија ги утврдува штетите во Општина Сарај по вчерашните изобилни врнежи. Утрово повторно заседаваше Кризниот штаб. Поплавени се околу 30 домови.
Објектите се расчистуваат, интервенираат екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, пожарникари.
-
Економија 16.02.2026 12:30
Бензините поскпуваат за денар, цената на дизелот останува иста
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,69 проценти.
-
Македонија 16.02.2026 12:04
Нема одложување на Законот за пушење, следната недела финалната верзија оди на владина седница
Министерството за здравство пресече – новиот Закон за заштита од пушење останува во предвидената временска рамка.
-
Свет 16.02.2026 11:24
Нови жртви во израелски воздушни напади
Најмалку 11 лица загинаа во израелски напади по убиството на четворица израелски војници. Тел Авив го обвинува Хамас за кршење на примирјето, додека милитантите ги осудија нападите како нов масакр.
-
Македонија 16.02.2026 10:58
Советот на јавни обвинители утре ќе се изјасни за кандидатите за нов државен обвинител
Советот на јавни обвинители утре ќе ја одржи 38-та седница, на која единствена точка на дневен ред е давање мислење до Владата по предлогот за именување јавен обвинител на Република Северна Македонија.
-
Македонија 16.02.2026 10:26
Продолжува јавната дебата за Законот за високо образование
Министерството за образование и наука од денеска почнува со посета на универзитетите во земјава во рамки на јавната расправа за Законот за високо образование.
-
Култура 16.02.2026 10:07
Македонското глумиште денес се простува од актерката Ленче Делова
Драмски театар Скопје ја информира јавноста дека погребот на актерката Ленче Делова е денес на Градските гробишта во Бутел. Семејството, роднините, колегите, пријателите и почитувачите ќе се простат од Ленче Делова од 11:00 часот во капелата на гробиштата Бутел по што ќе се изврши погребот.










