Вести
-
Македонија 25.03.2026 13:33
Претседателката предаваше на Правниот факултет во Загреб
Македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова ја продолжи официјалната посета на Хрватска. По средбите со државниот врв на земјата, таа денеска одржа предавање на Правниот факултет во Загреб, на тема „Парадоксот на евроинтегративниот процес“. -
Македонија 25.03.2026 13:17
Нови сведоштва за трагедијата во Кочани
Нови сведоштва за кочанската трагедија во дискотеката „Пулс“, која однесе 63 животи и над 200 луѓе остави повредени. Во големата судница во затворот „Идризово“ продолжи судскиот процес, каде на обвинителна клупа се 35 физички и три правни лица. -
Македонија 25.03.2026 13:15
Пристигнаа лесни борбени возила „Страјкер“
Во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец претставени 17 нови лесни оклопни возила „Страјкер“ набавени од САД за опремување на македонската Армија. Ова се првите 17 од предвидените 42 вакви возила.
Ирина Гелевска известува.
-
Македонија 25.03.2026 12:34
Земјотрес почувствуван во Скопје
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во близина на Скопје.
-
Свет 25.03.2026 12:19
Трамп: САД во преговори со Иран за крај на војната
САД тврдат дека ја добиле „војната“ против Иран и дека Техеран се согласил никогаш да не поседува нуклеарно оружје. Белата куќа додава дека водечките дипломати, Венс и Рубио, преговараат со Иран за да се стави крај на конфликтот.
-
Македонија 25.03.2026 11:14
Лишен од слобода возачот кој синоќа во Марино со возило удри пешак, кој почина на местото
На 24.03.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „500“ во с. Марино, општина Илинден, патничко возило „Киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с. Марино, соопштија од МВР.
-
Македонија 25.03.2026 11:00
Изминатите два дена 1.177 сообраќајни прекршоци
Во текот на изминатите два дена како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1177 издадени платни налози, од кои 217 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишан
-
Култура 25.03.2026 10:57
Македонското трио „30 прсти“ со концерт во Истанбул
Македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул го најавува концертот на македонското пијано трио „30 прсти“, кој ќе се одржи на 26 март 2026 година, со почеток во 19:00 часот, во Ерменската католичка црква „Сурп Левон“ во Кадиќој, Истанбул.
-
Свет 25.03.2026 10:23
Зеленски: Русија не сака крај на војната
Претседателот Зеленски обвини дека Русија нема намера да ја заврши војната, по еден од најмасовните руски напади во Украина во кој загинаа неколку луѓе, а десетици се повредени. Во Лавов беше погодена историска црква од 17 век под заштита на УНЕСКО.
-
Култура 25.03.2026 09:52
Објавена монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска
Во издание на „Панили“ е објавена нова книга важна за македонската историографија – монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од универзитетската професорка Виолета Ачкоска.










