Финансирањето на Академијата за судии и обвинители од Судскиот совет е неуставна, спротивна е со поделбата на законодавна, извршна и судска власт. Освен тоа, навлегува во Законот за обвинителство.
Вести
-
Македонија 04.03.2026 14:52
-
Македонија 04.03.2026 14:32
Во Основен суд Штип се суди за фемицид
Почна судењето за убиството на 79-годишната Борјанка Николова во Штип. Дел од нејзиното тело во ноември минатата година беше пронајдено закопано во дворот на обвинетиот, 75-годишниот Денис Асанов.
Обвинетиот изјави дека не го сторил делото.
-
Македонија 04.03.2026 14:05
Ѓорѓиевски: За 40 дена почнува изградбата на последниот дел од булеварот „Борис Трајковски“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски најави дека започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти – изградбата на булеварот „Борис Трајковски“.
-
Македонија 04.03.2026 13:37
Расте бројот на деца со прекумерна тежина
Појадокот изеди го сам, ручекот подели го, вечерата подари ја. И се би било идеално во фигурата, ако се почитува оваа изрека. Но, како, ако кујната е срцето на домот, ако кафеаната е дел од нашите навики. Забава без торта е обична средба. Светски ден на обезноста.
-
Македонија 04.03.2026 13:33
Неправилности во Министерството за односи меѓу заедниците
Нема трага за 25 илјади евра, исчезнале 30 компјутери, исплатени плати на вработени кои не се појавувале на работа, се точело гориво во приватни возила на државен трошок – ова се само дел од неправилностите во работењето на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците во 2023 година
-
Македонија 04.03.2026 13:25
632 Македонци барале информации за евакуација
Над 630 македонски државјани чекаат евакуација од Блискиот Исток. Дел веќе се вратени со српски авион. Шестмина во сопствена режија заминале за Скопје, уште толку по копнен пат се пренесени во Египет, па оттаму за Скопје. -
Македонија 04.03.2026 13:17
Трае 48-часовниот притвор за Јовановски
Тече притворот за сопругот и татко на жртвите во скопски Карпош. Се собираат докази за кривичните дела што му се ставаат на товар. Се чекаат и информации од Министерството за социјала за постапувањето на центрите.
Известува Андријана Ѓурческа
-
Македонија 04.03.2026 13:16
Пратенички прашања на опозицијата
Во Собранието на седница треба да се изберат новите заменик-министри за одбрана и за образование, кадар од коалицијата „Вреди“. Вообичаена практика е и еднаш месечно да има пратенички прашања само за опозицијата.
Миле А. Ристески е во законодавниот дом.
-
Македонија 04.03.2026 13:15
Началникот на Генералштабот на Армијата во работна посета на Вооружените сили на САД
Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денес престојува во повеќедневна работна посета на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави.
-
Македонија 04.03.2026 12:31
Василево добива енергетски ефикасен Дом на култура
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со градоначалникот на Василево, Славе Андонов, изврши увид во реализацијата на инфраструктурниот проект „Creative DG EcoTour“, кој се спроведува во рамки на Програмата INTERREG VI-A IPA со Бугарија 2021 – 2027.










