Ќе ја пречекаме и Стара нова година. И пак весело, во друштво, со многу желби, а може да падне и зарот. Да се предизвикаат среќата и верувањето во неа.
Вести
-
Македонија 13.01.2026 13:59
-
Македонија 13.01.2026 13:47
Во јануари, 19 граѓани нападнати од кучиња
Сè поголем број граѓани реагираат на зголемениот број кучиња скитници. Велат се движиме во страв особено во вечерните часови. Закон има, но дали е само на хартија, што говорат податоците на институциите.
Ана Јосифовска истражува.
-
Македонија 13.01.2026 13:42
Жител на Богданци под истрага за свирепо убиство на сопствената мајка
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Богданци за кривично дело Убиство од член 123 став 2 точка 1 и 2 од Кривичниот законик.
-
Македонија 13.01.2026 13:37
Клиниката „Козле“ е полна со болни деца
Се поголем број на заразени со грип, амбулантите полни, но и болничките капацитети. Висока температура, кашлица, изнемоштеност се најчестите симптоми. Се почести се и компликациите од вирусот особено кај децата. Десетина на Клиниката во Козле се на кислородна поддршка.
-
Македонија 13.01.2026 13:35
Се подготвуваат ригорозни мерки
Од први март стапува во сила новото законско решение за пушење, надлежните велат ќе ја намали високата стапка на популацијата која е зависна од цигари, ќе ги заштитат и децата кои според истражувањата почнуваат да пишат на најрана возраст. -
Македонија 13.01.2026 13:25
Ќе има ли договор за клучните прашања?
За утре напладне во Клубот на пратеници премиерот Мицкоски ја најави лидерската средба. Ќе се бара консензус за реформските закони, евроинтеграциската агенда и укинувањето на Техничката влада. На маса треба да се најде и статусот на Изборниот законик, и изборот на Народен правобранител.
-
Култура 13.01.2026 13:16
Почна Вевчанскиот карневал
Вевчани, сцена на хумор, сатира, традиција. Со традиционалното дефиле под маски почна официјалниот дел од карневалот. Вевчанци на сатиричен начин, зачувувајќи ја речиси 15-вековната традиција ќе ги прикажат случувањата од изминатата година во јавниот и политичкиот живот.
-
Македонија 13.01.2026 13:03
Одложена главната расправа за пожарот во дискотеката „Пулс“ која требаше да се одржи утре
Главната расправа за пожарот во кочанската дискотека која требаше да се одржи утре е одложена информираат од скопскиот Кривичен суд. Се одлага по барање на бранителот на еден од обвинетите, адвокат Сузана Јошевска Анастасовска.
-
Македонија 13.01.2026 12:50
Кривична пријава против поранешен заменик градоначалник и вработен во Општина Старо Нагоричане
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо На
-
Свет 13.01.2026 12:32
Иранските демонстранти остануваат на улиците, Трамп воведе 25% царини за земјите кои тргуваат со Иран
По 15 дена протести и стотици загинати и ранети, режимот во Иран тврди дека ситуацијата е под контрола. Иранските државни медиуми објавија дека десетици илјади луѓе излегле на улиците на Техеран за поддршка на владата.










