Ескалираа демонстрациите во Иран. Прекин на интернетот низ целата земја, додека масовните антивладини протести се ширеа од Техеран и во другите градови. Запалени неколку државни згради.
Вести
-
Свет 09.01.2026 16:49
-
Економија 09.01.2026 16:31
Пријави за неисплатен регрес за годишен одмор
Во 2025-та бил исплатен регрес за годишен одмор во вредност од околу девет милијарди 212 милиони денари. Завршил на сметката на над 455 илјади 680 работници . Но сепак дел од вработените на кои им следува не добиле пари.
-
Македонија 09.01.2026 16:12
Предложени нови членови на Судскиот совет
Од Кабинетот на претседателката за МТВ потврдија професорката Арлинда Кадри- Шахиновиќ и адвокатката Сузана Јошевска- Анастасовска се предлозите на Сиљановска- Давкова за членови на Судскиот совет.
-
Свет 09.01.2026 15:53
Прогласен прекин на огнот по судирите во Алепо
Сириското Министерство за одбрана прогласи прекин на огнот во Алепо, по неколкудневните жестоки судири меѓу силите предводени од курдите и владините трупи. Засега нема непосредна реакција од курдската страна на објавата.
-
Македонија 09.01.2026 15:28
Обвинителката Ленче Ристоска бара јавно извинување од премиерот Мицкоски
Обвинителката Ленче Ристоска бара премиерот Мицкоски да ѝ се извини поради навреди изнесени во интервју. Таа реагираше на изјавите на шефот на Владата кој зборуваше за „медиокритети“ во судско – обвинителската фела, а за кои Ристоска смета дека се однесуваат на неа.
-
Економија 09.01.2026 15:09
Славески очекува пад на инфлацијата и раст на економијата со солидно закрепнување
„Домашната економија досега покажува релативна отпорност на светските ризици и ќе бележи солидно закрепнување и во наредниот период.
-
Свет 09.01.2026 14:49
Во најновиот руски масовен напад, неколку лица се убиени и ранети во Киев
Неколку лица се убиени и ранети во Киев во најновиот руски масовен напад со ракети и беспилотни летала во текот на ноќта. Во нападот е погодена критична инфраструктура, а некои делови од градот се без струја и вода.
-
Македонија 09.01.2026 14:24
Лишени од слобода возачи во Кичево и општина Старо Нагоричане, управувале возила под дејство на алкохол
На 08.01.2026 во 23:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.С.(45) од Кичево.
-
Економија 09.01.2026 13:40
ГП „Меџитлија“ затворен за товарни возила
Честите протести на грчките земјоделци и блокирањето на граничните премини, прават сериозен проблем на македонската економија. Најмногу трпат компаниите кои зависат од извозот, бидејќи товарните возила речиси не се знае кога можат да ја поминат македонско-грчката граница.
-
Македонија 09.01.2026 13:35
Брифинг на лидерот на СДСМ
Празниците донесоа нови бранувања на политичка сцена. По предлогот на премиерот Мицкоски за лидерска средба, засега само претседателот на СДСМ, Филипче категорично ја одби поканата.Повеќе за превирањата во политиката известува Миле А. Ристески.










