Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, – 4 степени, каде има и снежна покривка од 31 сантиметар.
Снег има и во Крива Паланка, каде висината на покривката изнесува 2 сантиметри.
Најниска температура изутринава во 7 часот е измерена во Попова Шапка, – 4 степени, каде има и снежна покривка од 31 сантиметар.
Снег има и во Крива Паланка, каде висината на покривката изнесува 2 сантиметри.
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан.
Демонстрациите во Иран продолжуваат. На 310 локации во 28 од 31 провинција во Иран граѓаните масовно излегуваат на улиците секој ден од 28 декември.
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на новата детска градинка „Сончогледи“ чија изградба чинеше 56 милиони денари, во Општина Гевгелија.
На вториот ден од Божик, христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, којашто го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос.
Танкер за сурова нафта стана центар на глобални тензии откако со денови беше следен од американските сили и на крајот запленет во Северниот Атлантик. Американската војска објави дека „Маринера“ претходно познат како Бела-1 пловел под руско знаме и ги прекршил санкциите.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), г. Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот 112 и Секторот за операции, континуирано ја следи состојбата на терен по обилните врнежи што ја зафатија земјава.
Променливо облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северозападен правец (над 60 km/h).
Американскиот претседател Трамп и неговите советници разгледуваат низа опции од однос на воспоставување контрола врз Гренланд, соопштија од Белата куќа. Според Вашингтон, употребата на војската на САД е секогаш опција во остварувањето на стратешките цели.