Поранешниот премиер, Зоран Заев поднел тужби за клевета и за нарушување на честа и на угледот против пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и доктор Жан Митрев. Тужбите се поднесени до Струмичкиот суд, а вредноста на секоја од нив изнесува 500 илјади денари.
Вести
-
Македонија 25.02.2026 17:52
-
Економија 25.02.2026 17:33
Не помина предлогот за минималец од 600 евра
Мнозинството пратеници 63 од 82 во салата се изјаснија дека не го поддржуваат Предлог-законот за зголемување на минималната плата поднесен од пратениците на СДСМ. Владата треба да биде активен преговарач – порача пратеничката Тренческа на собраниската расправа.
-
Економија 25.02.2026 17:10
Јавните обвинители реагираат за намалувањето на платите
Здружението на јавни обвинители реагираше на корекцијата на коефициентите за намалување на платите.
-
Македонија 25.02.2026 16:58
Нови сведоштва за пожарот во кочанската дискотека
На песната „Што сака нека биде“ се активирале прскалките. Секогаш се пуштале на истата нумера. За ова посведочи професорката Ана Костадиновска, придружен викал на дуото ДНК која кобната ноќ добила изгореници на гласните жици, но успеала да се спаси.
-
Македонија 25.02.2026 16:42
Камбовски: Не се исполнети условите за проверка на евентуалната одговорност за куќниот притвор на Груби
Не се исполнети условите, Судскиот Совет да ја разгледува евентуалната одговорност на судијата на претходна постапка за определувањето куќен притворот на поранешниот прв вицепремиер Груби – смета претседателот на Судскиот Совет, Александар Камбовски.
-
Култура 25.02.2026 16:27
„Нови хоризонти“ со врвниот пијанист Алим Беисембајев
Оркестарот на Македонската филхармонија в четврток со почеток во 20 часот ќе го одржи симфонискиот концерт насловен „Нови хоризонти“ на кој како солист ќе настапи Алим Беисембајев од Казахстан, еден од најдобрите млади пијанисти во моментов на светската музичка сцена.
-
Македонија 25.02.2026 16:12
Жителите на Старо Нагоричане живеат под стрес
Продолжува истрагата за случајот со неколкуте можни убиства на повозрасни жени во Старо Нагоричане. Основното јавно обвинителство и останатите институции прибираат докази и вршат распит на лица. Деновиве ќе се реализира психијатриска проценка на осомничениот од тим експерти.
-
Македонија 25.02.2026 15:49
Вчера лишени од слобода осум возачи поради возење без возачка, со активна забрана и под дејство на алкохол
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода осум возачи, од кои шест за возење без возачка дозвола и по еден со забрана за управување возило од Б категорија и под дејство на алкохол, информираат одс МВР.
-
Свет 25.02.2026 15:10
Жртви и десетици исчезнати во поплавите во Бразил
Спасувачките мисии се во тек по силните поплави во југоисточен Бразил, во кои загинаа најмалку 25 лица, а десетици се водат како исчезнати соопштија официјалните лица. Поројните дождови во градовите околу 310 километри северно од Рио де Жанеиро принудија околу 440 жители да се евакуираат.
-
Економија 25.02.2026 14:30
Николоски: Отворени се 22 нови рути кои ја поврзуваат Македонија со цела Европа
Вицепремиерот Николоски на својот фејсбук-профил објави мапа со воспоставени 22 нови авиодестинации кон Европа од двата домашни аеродроми.










