Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција на компанијата „Кромберг и Шуберт“.
Договорот ќе биде потпишан во Свечената сала на Владата.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на потпишување договор за нова инвестиција на компанијата „Кромберг и Шуберт“.
Договорот ќе биде потпишан во Свечената сала на Владата.
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Како резултат на успешна координирана истрага меѓу Министерството за внатрешни работи и Федералното истражно биро (ФБИ), откриен е администраторот на нелегалниот онлајн пазар „OLVX“, преку кој се нуделе украдени лични податоци, пристапни акредитиви и алатки за извршување компјутерски криминал.
На 22 октомври со почеток во 20.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди.
Хутите повторно го нападнаа аеродромот во Ријад и нафтен објект на „Арамко“. Од остатоци од пресретнатите ракети има повредени, меѓу нив и деца. Саудиската коалиција возврати со удари врз енергетски цели во Јемен.
На 81 година, почина Стојче Јакимовски, долгогодишен спикер на Македонското радио. Неговиот глас остави траен белег во колективната меморија на слушателите.
Беше врвен професионалец кој со својата дикција постави високи стандарди во културата на говорот.
Македонија е дел од Европа и сите понатамошни одложувања на нашата европска интеграција се бесмислени. Ова го порача претседателот на Македонската академија за науките и уметностите, академик Живко Попов, во обраќањето по повод 59-годишнината од формирањето на МАНУ.
Отворени вратите кон нови пазари за македонскиот бизнис, но за тоа потребна е добра идеја и квалитетен производ, велат стопанствениците.
Русија изврши масовен комбиниран напад со балистички ракети и дронови врз Киев и неколку други украински градови. Има загинати и ранети. Погодена и клучната електрана во главниот град, голем број домаќинства останаа без струја.
Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска го посети мултидисциплинарниот кабинет за дојка во рамки на Клиничката болница – Штип.
Клековски при посетата рече дека речиси илјада жени годишно заболуваат од оваа болест.