На папата Лав XIV му е дијагностициран рак на белите дробови, соопштија лекарите во болницата „Џемели“ во Рим. За време на операцијата му бил отстранет долниот дел од десното белодробно крило.
Вести
-
Македонија 14.10.2026 11:41
-
Македонија 14.10.2026 11:24
Технички проблем со порталот за вакцинација против грип
Има технички проблем со официјалниот портал за пријавување вакцинација за сезонски грип, системот ќе биде активен час поскоро, вели министерот за здравство Клековски. Вакцините се пристигнати и ќе бидат дистрибуирани до Центрите за јавно здравје.
-
Македонија 14.10.2026 11:05
Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, распишана меѓународна потерница
Ива Михаилова нелегално ја напуштила Македонија. Основниот суд од Кочани и определи 30-дневен притвор, распишана е и меѓународна потерница. МВР истражува како се случило Михаилова да излезе од државава и дали тоа било на легален граничен премин. Бугарскиот амбасадор повикан во МНР.
-
Свет 14.10.2026 10:33
Продолжуваат студентските протести во Франција
Продолжуваат студентските протести во Франција за подобри услови во образованието. По судирите со полицијата во Париз и Лион, со употреба на солзавец и оштетување јавен имот, властите стравуваат од нова ескалација.
-
Свет 14.10.2026 10:09
Масовен руски балистички напад врз Киев, има загинати и повредени
Русија изврши масовен балистички напад врз Киев и неколку други украински градови, со загинати и повредени. Погодена и клучната електрана во главниот град. Зеленски обвини дека Украина не била навреме предупредена од сојузниците.
-
Култура 14.10.2026 09:33
Почнува 11. издание на Киненова со новиот филм на Мирослав Терзиќ „Три недели подоцна“
11. издание на МФФ Киненова свечено се отвора вечерва во киното „Фросина“ во МКЦ со филмот „3 недели подоцна“ на Мирослав Терзиќ. Станува збор за истакнат српски филмски режисер и сценарист, препознатлив по своите длабоки социјални и политички драми кои обработуваат тешки општествени теми.
-
Македонија 14.10.2026 09:00
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 14.10.2026 08:25
Тројца кандидати на интервју за член на Судскиот совет
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе спроведе интервју на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Одлуката за објавување на јавен оглас за избор на член на Судскиот совет на Република Северна Македонија што го избира македонското Собрание.
-
Македонија 14.10.2026 08:22
Променливо облачно и постудено
Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h.
Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
-
Македонија 13.10.2026 20:56
Акциска контрола за брзо возење – за шест часа констатирани 641 прекршок
На 11.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола насочена кон санкционирање на возачите кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената.










