Експлозивна направа била фрлена ноќеска врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во Белград.
Пејачот, неговата сопруга и ќерката биле во куќата во моментот на детонацијата, но не се повредени. Полицијата се сомнева дека станува збор за рачна граната. Предизвикана е материјална штета.









