651 прекршок регистрирала камерата на „Безбеден град“ на вториот ден од почетокот на казнувањето преку новиот систем. 585 возачи не ја почитувале брзината, 50 поминале на црвено, 16 возила биле нерегистрирани. Изречени се 58 забрани за управување со моторно возило.
Вести
-
Македонија 03.02.2026 14:00
-
Македонија 03.02.2026 13:41
Каналите се чистат, нема опасност од поплави во прилепско
Нема никаква опасност од поплавувања во прилепско, иако за четири месеци наврнаа преку 300 литри вода во секунда колку за цела година, велат од подружницата на Водостопанство во Прилеп. Исчистени се големите одводни канали во регионот.
-
Економија 03.02.2026 13:30
Онлајн состанок за барањата на транспортерите
По блокадите на транспортерите поради системот за влез и излез од ЕУ, министрите од шесте држави од Западен Балкан на состанок со европските претставници. Состанокот е во онлајн формат. Се бара прагматично решение со новата стратегија за визи. -
Економија 03.02.2026 13:23
Борба за повисоки плати
В четврток напладне, Владата седнува на маса со синдикатот на УПОЗ. Разговори за зголемување на платите на административците за 40 проценти. Засега, ништо од барањата на ССМ за минималец од 600 евра. Се очекува Трендафилов да ги каже идните чекори.
-
Економија 03.02.2026 13:20
Закон за ангажирање сезонски работници
Почна спроведувањето на Законот за работно ангажирање на лица. Преку него ќе можат да се ангажираат пензионери, студенти и социјални случаи, без да ги загубат веќе стекнатите права. Во Владата претходно имаше промотивен настан за овој закон.
-
Македонија 03.02.2026 13:18
Судски совет ќе ја проверува работата на Апелација
Не само случајот со Ѓоко Ристов, Судскиот совет ќе ја проверува работата на цела скопска Апелација – најави првиот човек на ова тело.Анита Димитријевска – Велковска известува. -
Македонија 03.02.2026 13:13
Работна група ќе истражува за извозот на мозоци
Министерот за здравство информира дека има работна група за случајот со испраќањето човечки мозоци во САД за научни истражувања. Целта е да се провери дали за таквите активности имало документација.
Наташа Јанчиќ – Менковски известува.
-
Македонија 03.02.2026 12:48
Лишено од слобода лице од струшко, во возилото во кое се наоѓал биле пронајдени дрога, оружје и муниција
Вчера во 17:20 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Ф.Ж.(37) од струшкото село Велешта, информираат од МВР.
-
Свет 03.02.2026 12:30
Трамп и Петро на средба во Вашингтон
Лидерите на САД и Колумбија на средба во Вашингтон во обида да го надминат спорот по обвинувањата на Трамп за внесување кокаин и заканите со воена акција. Петро сака да покаже дека ја има контролата врз трговијата со дрога и да ги укине санкциите од САД, додека Трамп очекува „добра средба“.
-
Свет 03.02.2026 12:29
Руски масовни напади наспроти мировни напори
Русија продолжи со масовни воздушни напади низ Украина удирајќи врз Киев со ракети и дронови, и ставајќи крај на краткото привремено примирје договорено со САД. Оштетени се станбени згради и детска градинка, има повредени, а многу жители останаа без струја и греење при – 20 °C.










