Промени на јужната граница нема, земјата е подготвена за евентуален зголемен број мигранти. Засега нема очекувања за нов поголем бран- вели премиерот Спасовски.
Вести
-
Македонија 02.03.2020 13:25
-
Македонија 02.03.2020 13:23
Заев: Брисел да го исполни ветувањето
Извештајот на Европската комисија е потврда на спроведените реформи и доказ дека ние ја завршивме домашната задача. Сега е време Брисел да го испорача ветеното- вели лидерот на СДСМ, Заев.
-
Македонија 02.03.2020 13:05
Европска комисија: Значаен напредок- да се отворат преговори
Северна Македонија остварила значаен напредок и исполнување на условите, земјата треба да почне преговори со Унијата- препорача Европската комисија во извештајот, основа врз која земјите- членки треба да решат дали ќе дадат зелено светло.
-
Економија 02.03.2020 12:35
Бензините поевтини за 3, дизелот за 2,5 денари по литар
Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 3, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 64, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 66 денари.
-
Свет 02.03.2020 11:26
Филипини: Заложничка драма во трговски центар
Заложничка драма на Филипините. Вооружан напаѓач отвори оган во трговски центар во населбата Сан Хуан при што повредил едно лице, а 30 држи како заложници.
Според информациите, станува збор за незадоволен чувар, кој неодамна ја загубил работата во трговски центар во Манила.
-
Македонија 02.03.2020 11:05
Подготвеност за евентуален нов бран мигранти
Поради состојбите на северот на Сирија и последните случувања во Турција, и можната опасност од нов бран бегалци, Македонски надлежни власти велат дека се подготвени да одговорат на предизвикот.
-
Економија 02.03.2020 10:42
Германија ги отвори вратите за квалификуван стручен кадар од странство
Стапи во сила новиот германски закон за квалификуван стручен кадар од странство. Германските работодавачи се оптимисти дека на овој начин, ефикасно ќе се надмине проблемот со дефицитот на пазарот на труд.
-
Македонија 02.03.2020 10:29
Започна Велигденскиот пост
Започна Велигденскиот пост, кој ќе трае седум недели- до Воскресението Христово. Велигденскиот пост нема постојан датум, зависи кога е Велигден, празникот што ја претставува основата на верата.
-
Македонија 02.03.2020 10:22
Невремето предизвика штети кај пластеничкото производство
Сушата и невремето во Скопската котлина беа главна одлика на изминатата седмица, особено силниот ветер кој предизвика штети кај пластеничкото производство.
-
Свет 02.03.2020 10:11
Бројката на починати од коронавирусот надмина 3.000
Бројот на починати од коронавирусот на светско ниво надмина 3.000, точно два месеца откако се појави во кинескиот град Вухан. Смртни случаи досега имаше во 11 земји, а 90% од вкупниот број се во кинеската провинција Хубеи.







