Лидерите на СДСМ и на Движењето БЕСА, Заев и Касами ја промовираа предизборната коалиција. Двајцата ја оценија како победничка на предвремените парламентарни избори. Заев ја оцени како историски момент за демократијата и плурализмот во државава.
Вести
-
Македонија 27.02.2020 15:15
-
Македонија 27.02.2020 14:55
Патниците од комбето се во домашна изолација, контактирале само со семејствата
Деветтемина патници кои биле во комбито со 50- годишната Македонка заразена со Ковид- 19 немале контакти со повеќе луѓе, освен со семејствата. Тие се во соодветна домашна изолација, вели министерот за здравство Филипче.
-
Свет 27.02.2020 14:36
Идлиб: Терористите почнаа офанзива со бомбаши-самоубијци
Единиците на нелегалните оружени групи со поддршка од турските трупи почнале офанзива на градот Саракиб во сириската провинција Идлиб.
Според државната агенција Сана, терористичките групи употребиле десетици бомбаши-самоубијци и автомобил- бомби во западниот правец на Саракиб.
-
Македонија 27.02.2020 14:20
Клуге: Северна Македонија ги спроведува препораките на СЗО, нема потреба за паника
Нема потреба за паника, државата ги спроведува препораките на СЗО, изјави денеска регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа, д-р Ханс Клуге, на Вториот национален форум за здравје.
-
Македонија 27.02.2020 13:53
ВМРО-ДПМНЕ: Владата неподготвена за Ковид-19
„Корона вирусот стигна и во македонија, а министерот за здравство Венко Филипче и Владата на СДСМ, покажаа неорганизираност и хаос“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека се загрижени поради слабиот капацитет на надлежните институции да одговорат на ситуацијата.
-
Македонија 27.02.2020 13:48
Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија
Сите екскурзии на средношколците од Скопје за Италија се одложуваат на неопределено време - соопшти градоначалникот Шилегов. Целта е да се спречи ширење на вирусот Ковид-19.
-
Економија 27.02.2020 13:44
Ангеловска-Бежоска: „НБСтат“ е европски дизајнирана платформа за статистички податоци
Со поддршка од Европската унија којашто финансиски застана зад проектот „НБСтат“ со кој се воспостави оваа статистичка алатка, успеавме да се вброиме меѓу централите банки кои што имаат одговорено на предизвикот да ги искористат можностите што ги нуди денешната технологија за да обезбедат поеднос
-
Македонија 27.02.2020 13:27
Тодоровиќ не дојде на рочиштето за „Рекет“, судењето одложено за утре
Рочиштето за предметот „Рекет“ е одложено. Не се појави најавениот сведок- поранешниот градоначалник на Општина Центар, бизнисменот Владимир Тодоровиќ. Со писмен поднесок го известил судот дека од 25-ти до 28-ми февруари ќе престојува во Бугарија поради деловни обврски.
-
Македонија 27.02.2020 13:17
Вишеградска група: Поддршка за евроинтеграција на Западен Балкан
Министрите за надворешни работи на Вишеградската група земји во Прага дадоа поддршка за евроинтеграцијата на Западниот Балкан.
-
Македонија 27.02.2020 12:53
СДСМ и Беса потпишаа договор за предизборна коалиција
Падна договор за првата предизборна македонско- албанска коалиција за предвремените парламентарни избори. Предмалку во Музејот на современа уметност го потпишаа лидерите на СДСМ и на БЕСА, Зоран Заев и Билал Касами.





