„Фундаментите на банкарскиот сектор на Северна Македонија и натаму се здрави“ – истакна агенцијата „Фич“ соопштувајќи дека го потврдува кредитниот рејтинг на нашата земја „ББ+“, со стабилен изглед.
Вести
-
Економија 16.12.2019 11:21
-
Македонија 16.12.2019 11:12
Ново рочиште за „Титаник“
Со сослушување на сведоци предложени од обвинителството, во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за изборни нерегуларности „Титаник“.
-
Свет 16.12.2019 10:45
Во Словенија лани имало 250.000 имигранти – 12 отсто од вкупното население
Според податоците на словенечкиот Завод за статистика, на почетокот на 2018 година, во Словенија живееле 250.000 имигранти, што е 12 отсто од вкупното население.
Со тоа, земјата се рангира на 16 место на листата на земји од ЕУ по број на странци.
-
Македонија 16.12.2019 10:27
Завршува вакцинирањето за јазлеста кожа и свинска чума
Од 2020 година, државите од Југоисточна Европа да престанат со вакцинацијата против болеста јазлеста кожа, со исклучок на оние земји кај кои постои голем ризик од нејзино пренесување од соседството, каде што е потврдено присуство на болни животни.
-
Свет 16.12.2019 10:20
Ердоган: Ќе ја затвориме Инџирлик ако САД воведат санкции
Турција се закани дека ќе ја затвори воената база Инџирлик, во која има американски нуклеарни боеви глави, како одговор на заканите од Вашингтон за воведување санкции за Анкара, но и поради резолуцијата на Сенатот, со која ерменскиот масакр пред еден век беше прогласен за геноцид.
-
Македонија 16.12.2019 10:16
Владата ќе ја одржи 171-та седница во Куманово
Денеска во Занаетчискиот дом во Куманово, Владата ќе ја одржи редовната 171- ва седница. Ќе претседава премиерот Зоран Заев, а ќе присуствуваат сите министри, гости и градоначалниците од регионот.
-
Македонија 16.12.2019 10:09
Почнува пленарната расправа по дополнетиот Предлог- буџет за 2020 година
Во Законодавниот дом денеска ќе почне расправата за дополнетиот Предлог- буџет за 2020-та што ги содржи 12-те прифатени амандмани. Државната каса в година ќе тежи 3 милијарди 897 милиони евра.
-
Македонија 16.12.2019 09:49
Училишни градини – училници на иднината
Во средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во Козле се одржа завршната манифестација на проектот „Училишни градини – училници на иднината“, за 2019 година, што го иницира и го координира Здружението за заштита, промоција и едукација за храна “Слоу Фуд Водно”, Скопје.
-
Македонија 16.12.2019 09:33
Сообраќајот отежнат поради магла, реализирани само четири лета на скопскиот аеродром
Маглата која утринава ја има по котлините и планинските превои го отежнува сообраќајот низ државата. Намалена видливост има на неколку патни правци, а на скопскиот аеродром се реализрани само неколку полетувања, но ниту едно слетување.
-
Економија 13.12.2019 15:36
„Мој ДДВ- Моја награда“ од 15-ти декември
Од 15-ти декември граѓаните кои скенираат фискални сметки ќе имаат трикратна корист. Имаат шанса да добијат една од над 3.000 парични награди, во вкупен фонд од половина милион евра, ќе добиваат поврат на ДДВ и ќе придонесуваат во борбата против сивата економија, велат во Министерство за финанси








