Речиси илјада од ВМРО-ДПМНЕ и пет илјади од ДУИ. Измените на Изборниот законик торпедирани од амандмани. Социјалдемократите остануваат на ставот дека една изборна единица може да има и на претстојните избори.
Вести
-
Македонија 12.12.2019 14:58
-
Економија 12.12.2019 14:50
Расте бројот на туристи
Туристите кои доаѓаат во земјава сакаат да научат да резбаат, да научат како се прави нешто од глина, а има и ситуации кога туристите сакаат да берат јаболка во Преспа- раскажува претседателот на Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија.
-
Македонија 12.12.2019 14:45
Заев: Ќе реагираме на ставот на БАН
Владата ќе реагира на оценката на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, откако ќе ги согледа сите детали- вели премиерот Заев.
-
Македонија 12.12.2019 14:36
Фити: Во Бугарската академија има членови што не се согласуваат со ставот дека македонскиот јазик не постои
Во Бугарската академија има членови што не се согласуваат со ставот дека македонскиот јазик не постои и оти тој е „писмено- регионална норма“ на бугарскиот јазик, вели претседателот на МАНУ Таки Фити.
-
Економија 12.12.2019 13:53
Утврден текстот на дополнетиот предлог- буџет за 2020 година
Владата го утврди текстот на дополнетиот предлог- буџет за идната година. Прифатени се 12 амандмани што произлегоа од расправата за буџетот во собраниските комисии. Текстот ќе биде испратен до Собранието.
-
Македонија 12.12.2019 13:46
Владата ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори
Владата денеска на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја на следните дестинации: Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Пр
-
Економија 12.12.2019 13:17
Авиосообраќај: Превезени 2,5 милиони патници за 11 месеци
Двата македонски аеродрома, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид забележаа рекордни 2,5 милиони патници во периодот од јануари до ноември 2019 година, што претставува пораст од 14% годишно.
-
Македонија 12.12.2019 13:12
Над 200 илјади барања во процес на легализација, се стегаат критериумите
Над 200 илјади барања за легализација сѐ уште се во процедура. Досега филтерот го минале 245 илјади. Се стегаат критириумите, казна од 50 проценти од дефинирана цена за правниот статус на нелегалната градба ќе плаќаат оние кои отсега ќе поднесуваат барања.
-
Македонија 12.12.2019 13:01
Вработените во јавната администрација в сабота ќе чистат на 20 локации во Скопје
Вработените во јавната администрација в сабота на работна акција. Заедно со граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ ќе се чистат над 20 локации во македонската метропола.
-
Македонија 12.12.2019 12:55
Најмалку 80 проценти од амбасадорите во иднина ќе бидат дипломати од кариера
Реформа на дипломатската служба, целосна професионализација според европската практика се целите во новиот нацрт- закон за надворешни работи што беше образложен на првата јавна дебата во Министерството.



