Трет ден спасувачките екипи ги пребаруваат урнатините во Драч во потрага по преживеани. Расте бројот на жртви, извадени се телата на 40 загинати. Околу 650 се повредени. Не е познат бројот на исчезнати. По земјотресот од 6,4 степени по Рихтер, тлото на Албанија постојано се тресе.
Вести
-
Македонија 28.11.2019 14:53
-
Македонија 28.11.2019 14:36
До Самитот во Лондон ќе имаме амбасадор и воен претставник во НАТО
Последните две години се направени клучни напори за полноправно приклучување кон НАТО и на лондонскиот самит, македонската делегација за првпат, предводена од премиерот Заев, рамноправно ќе разговара со другите лидери на Алијансата.
-
Економија 28.11.2019 14:22
Потпишан договор за фотонапонска електрана „Осломеј“
Термоелектраната „Осломеј“ ќе произведува чиста енергија. Потпишан е договор со турската компанија „Гиришим Електрик“, која победи на меѓународниот тендер за изградба на фотонапонска централа со инсталирана моќност од 10 мегавати. Првите количества струја се очекува да протечат наесен в година.
-
Македонија 28.11.2019 14:06
Нема механизам за контрола на исплатата на минимална плата
Државниот инспекторат за труд нема механизам да утврди, дали и како се исплаќа минималната плата. Велат дека не се надлежни да детектираат, дали ја исплаќаат работодавците. Од Инспекторатот информираат дека лани имало над 1.000 претставки по однос на исплатата на К-15.
-
Македонија 28.11.2019 13:50
Состанок во пресрет на самитот на НАТО во Лондон
Во наредната недела земјава седнува на лидерската маса на Северноатланската алијанса. Досега учеството беше на министерско ниво. Во МНР е подготвен нацрт- закон за верифакација на полноправното членство.
-
Македонија 28.11.2019 13:41
Сопственикот на „Дурмо турс“ пуштен во домашен притвор
Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули кој е првообвинет за несреќата во која загинаа 16 луѓе кај Ласкарци, е пуштен во домашен притвор. Белули е пуштен со гаранција. Одземен му пасошот, треба да се јавува во суд, не треба да контактира со оштетените и да не се занимава со транспорт.
-
Економија 28.11.2019 13:35
Раст од 4,2 % на индустриското производство во октомври
Индустриското производство во октомври годинава, во однос на октомври минатата година е зголемено за 4,2 проценти, додека во периодот јануари- октомври, споредено со истиот период лани бележи раст од 5,4 проценти, покажуваат последните податоци на Држаниот завод
-
Македонија 28.11.2019 13:25
Нова средба на Македонско- бугарската комисија за историјата
Средниот век, Османлиската империја и Гоце Делчев се темите за кои ќе разговараат членовите на заедничката комисија меѓу Македонија и Бугарија на нова средба денеска и утре во Софија. Овој 9-ти состанок е продолжение на претходниот во Охрид.
-
Свет 28.11.2019 13:11
Ирак: Убиени демонстранти, запален иранскиот конзулат
14 демонстранти загинаа во областа Насирија, на југот од Ирак. Безбедносните сили отворија оган за да ги растераат учесниците во протестите. Медиумите јавија дека десетици демонстранти биле повредени. Безбедносните сили пукале во демонстрантите кои се собрале на мостот насирија пред зори.
-
Македонија 28.11.2019 13:06
Секое трето дете во Македонија е физички малтретирано
Осум од десет родители се однесуваат насилно кон своите деца. Секое трето е физички малтретирано, а секое петто девојче сексуално злоупотребено. Овие податоци беа презентирани на конференцијата „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата од Западен Балкан“.


